• Пред да ги поврзете новите црева,
цревата кои не биле користени
подолг период, каде се направила
некаква поправка или биле ставени
нови уреди (мерачи за вода итн.),
оставете ја водата да тече се
додека не стане чиста и бистра.
• Проверете дали има видливи
протекувања на вода за време или
после првата работа на апаратот.
• Не користете продолжено црево
ако доводното црево е кратко.
Јавете се во овластениот сервисен
центар за замена на доводното
црево.
• Кога го отпакувате апаратот, можно
е од цревото за цедење да истече
вода. Ова е заради тестирањето на
апаратите со вода во самата
фабрика.
• Можете да го продолжите цревото
за цедење за максимум 400 cm.
Контактирајте со овластениот
сервисен центар за другото црево
за цедење и за продолжетокот.
• Проверете дали има пристап до
чешмата по монтирањето.
2.4 Употребa
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасност од повреди,
струен удар, пожар,
изгореници или
оштетување на апаратот.
• Следете ги безбедносните упатства
дадени на пакувањето на
детергентот.
• Не ставајте запаливи производи
или предмети натопени со
запаливи средства во, блиску до,
или на апаратот.
• Немојте да перете многу валкани
такенини, масни или други
замастени материјали. Тоа може да
ги оштети гумените делови на
машината за перење. Исперете ги
претходно рачно пред да ги ставите
во машината за перење.
• Проверете дали сите метални
предмети се извадени од алиштата.
2.5 Сервисирање
• За да го поправите апаратот
контактирајте го Овластениот
сервисен центар. Користете само
оригинални резервни делови.
• Треба да знаете дека само-
поправката или
непрофесионалната поправка може
да имаат последици врз
безбедноста и може да ја направи
гаранцијата неважечка.
• Следниве резервни делови ќе
бидат достапни во рок од 10 години
откако моделот прекине да се
произведува: мотор и моторни
четки, предавател помеѓу мотор и
барабан, пумпи, пригушувачи и
амортизери, барабан, лопатки за
барабан и соодветни лагери,
грејачи и грејни елементи,
вклучително и топлински пумпи,
цевки и слична опрема, вклучувајќи
црева, вентили, филтри и
аквастопи, печатени плочи,
електронски дисплеj, прекинувачи
за притисок, термостати и сензори,
софтвер и фирмвер, вклучително и
софтвер за ресетирање, врата,
шарки за врати и заптивки, други
заптивки, склопки за заклучување
на вратите, пластични периферни
уреди како што се диспензери за
детергент. Треба да знаете дека
некои од овие резервни делови се
достапни само кај професионални
сервисери, и дека не сите резервни
делови се релевантни за сите
модели.
2.6 Расходување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Ризик од повреда или
задушување.
• Исклучете го апаратот од струја и
вода.
• Извадете го електричниот кабел
блиску до апаратот и фрлете го.
• Извадете ја кваката на вратата за
да спречите затварање на деца или
миленици во барабанот.
• Фрлете го апаратот во согласност
со условите за фрлање на
www.electrolux.com6