Electrolux EW6TN4261 Používateľská príručka

  • Prečítal som si návod na používanie práčky Electrolux EW6TN4261. Som pripravený odpovedať na vaše otázky o funkciách, programoch a údržbe tohto modelu. Návod podrobne popisuje funkcie ako SensiCare System a Dodatočná mäkkosť, a tiež obsahuje riešenie problémov.
  • Ako nastavím odložený štart?
    Aký je maximálny objem náplne?
    Čo robiť, ak práčka nefunguje?
    Ako vyčistím filter odvodňovacej pumpy?
EW6TN4261
MK Машина за перење Упатство за ракување 2
SK Práčka Návod na používanie 41
СОДРЖИНА
1. БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ..................................................................... 3
2. БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА............................................................................ 5
3. ОПИС НА ПРОИЗВОДОТ.................................................................................7
4. ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ...................................................................................8
5. МОНТАЖА......................................................................................................... 8
6. КОНТРОЛНА ТАБЛА.......................................................................................11
7. БИРАЊЕ И КОПЧИЊА...................................................................................13
8. ПРОГРАМИ......................................................................................................15
9. ПОСТАВКИ...................................................................................................... 21
10. ПРЕД ПРВАТА УПОТРЕБА.......................................................................... 21
11. СЕКОЈДНЕВНА УПОТРЕБА.........................................................................22
12. ПОМОШ И СОВЕТИ......................................................................................27
13. НЕГА И ЧИСТЕЊЕ........................................................................................29
14. РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИ.......................................................................32
15. ПОТРОШУВАЧКИ ВРЕДНОСТИ.................................................................. 36
16. КРАТКО УПАТСТВО ....................................................................................38
НИЕ МИСЛИМЕ НА ВАС
Ви благодариме што купивте апарат Electrolux. Избравте производ кој со
себе носи децении професионално искуство и иновација. Уникатен и
стилски, дизајниран е имајќи ги на ум вашите потреби. Кога и да го
користите, можете да бидете сигурни дека секојпат ќе постигнете одлични
резултати.
Добре дојдовте во Electrolux.
Посетете ја нашата страница за да:
Добиете совети за користење, брошури, водич за решавање проблеми,
информации за сервисирање и поправка:
www.electrolux.com/support
Регистрирајте го вашиот производ за подобро сервисирање:
www.registerelectrolux.com
Купувајте дополнителен прибор, потрошни материјали или оригинални
резервни делови за вашиот апарат:
www.electrolux.com/shop
ГРИЖА ЗА КОРИСНИЦИ И СЕРВИСИРАЊЕ
Ви препорачуваме да користите оригинални резервни делови.
Кога ќе контактирате со нашиот овластен сервисен центар, погрижете се да
ги имате на располагање следниве податоци: Модел, Број на производот,
Сериски број.
Информациите можат да се најдат на етикетата со информации.
Предупредување / Внимание-Безбедносни информации
Општи информации и совети
Информации за животната средина
Можноста за промени е задржана.
www.electrolux.com2
1. БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ
Пред монтирање и користење на апаратот, ве
молиме внимателно да ги прочитате приложените
упатства. Производителот не сноси одговорност за
направена повреда или штета кои се резултат на
неправилна монтажа или употреба. Секогаш чувајте
ги упатствата на сигурно и безбедно место за
подоцнежна употреба.
1.1 Безбедност на деца и ранливи лица
Овој апарат може да го користат деца над 8 години
и лица со намалени физички, сетилни или
ментални способности или лица без искуство и
знаење доколку тоа го прават под надзор или
доколку им биле дадени упатства како безбедно да
го употребуваат апаратот, и доколку ги разбираат
опасностите поврзани со него.
Апаратот не смее да биде во дофат на деца меѓу 3
и 8 годишна возраст и лица со многу обемни и
сложени пречки во развојот освен ако не се под
постојан надзор.
Апаратот не смее да биде во дофат на деца
помали од 3 години освен ако не се под постојан
надзор.
Децата треба да бидат под надзор да не играат со
апаратот.
Држете ја амбалажата подалеку од деца и фрлете
ја соодветно.
Чувајте ги сите детергенти настрана од дофат на
деца.
Држете ги децата и миленичињата подалеку од
апаратот кога вратата е отворена.
Ако апаратот има уред за заштита на деца, треба
да се вклучи.
Децата не треба да го чистат или да го оддржуваат
апаратот без надзор.
МАКЕДОНСКИ 3
1.2 Општа безбедност
Не менувајте ја спецификацијата на овој апарат.
Апаратот е предвиден за употреба во домаќинства
и слични услови, како што се:
кујнски простор за вработени во продавници,
канцеларии и други работни околини;
од страна на клиенти во хотели, мотели,
сместувања со спиење и појадок и друг вид на
сместувачки објекти;
области за заедничка употреба во блокови на
станови или во јавни перални.
Максималната количина на полнење на апаратот е
6 kg. Не ја надминувајте максималната количина
на полнење на секоја програма (погледнете во
поглавјето „Табела со програми“).
Притисокот на водата при работа кај точката на
влез на водата од доводот мора да биде меѓу 0,5
bar (0,05 MPa) и 8 bar (0,8 MPa).
Отворите за вентилација во основата не смеат да
бидат попречени од таписон, килим или било каков
покривач за под.
Апаратот мора да биде поврзан со водоводната
мрежа со помош на добиениот комплет на црева,
или нов комплет од црева кои ќе ги добиете од
Овластениот сервисен центар.
Старите комплети црева не смеат повторно да се
користат.
Доколку се оштети кабелот за напојување, тој
треба да биде заменет од страна на
производителот, негов овластен сервисен центар
или слично квалификувани лица за да се избегне
електрична опасност.
Пред секое одржување, исклучете го апаратот и
извадете го штекерот за струја од приклучницата.
Не користете вода во спреј со висок притисок и/или
на пареа за чистење на уредот.
www.electrolux.com4
Чистете го апаратот со влажна крпа. Користете
само неутрални детергенти. Не користете
абразивни производи, абразивни сунѓери за
чистење, растворувачи или метални предмети.
2. БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА
2.1 Монтажа
Монтажата мора да биде
направена во согласност
со важечките државни
закони.
Извадете ја целата амбалажа и
транспортните зартки вклучувајќи ја
и пластичната четка со пластичен
разделувач.
Чувајте ги транспортните
штрафови на сигурно место. Ако
апаратот ќе се премести во иднина
тие мора да бидат заштрафени за
да се заклучи барабанот и да се
спречи внатрешно оштетување.
Секогаш внимавјте кога го
пренесувате апаратот затоа што е
тежок. Секогаш носете заштитни
ракавици и приложените обувки.
Следете ги инструкциите за
монтирање дадени со апаратот.
Немојте да монтирате ниту да
користите оштетен апарат.
Не монтирајте го и не користете го
апаратот на места каде што
температурата е пониска од 0°C
или каде што е изложен на
атмосферски влијанија.
Вклучете ја рерната.
Проверете дали има циркулација
на воздух меѓу апаратот и подот.
Кога апаратот е поставен во
неговата постојана позиција,
проверете дали е правилно
порамнет со помош на либела. Ако
не е, приспособете ги ногарките
додека не се порамни.
Немојте да го монтирате апаратот
директно над одводот на подот.
Не прскајте вода на апаратот и не
го изложувајте на претерана
влажност.
Не монтирајте го апаратот на места
каде што капакот на апаратот не
може целосно да се отвори.
Не ставајте затворен сад под
апаратот за собирање вода во
случај на протекување.
Контактирајте со Овластениот
сервисен центар за да проверите
кои додатоци можат да се користат.
2.2 Поврзување на струјата
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Ризик од пожар и струен
удар.
Апаратот мора да биде заземјен.
Секогаш користете правилно
монтиран штекер отпорен на
струјни удари.
Проверете дали параметрите на
плочката со спецификации се
компатибилни со електричната
моќност на мрежата на електрична
енергија.
Не користете адаптери со повеќе
приклучоци и продолжни кабли.
Погрижете се да не ги оштетите
приклучокот за струја и кабелот.
Доколку кабелот за струја на
апаратот треба да се замени, тоа
мора да го направи нашиот
Овластен сервисен центар.
Поврзете го приклучокот за струја
со штекерот на крајот од
монтажата. Проверете дали
приклучокот за струја е пристапен
по монтирањето.
Не допирајте го кабелот за струја
или приклучокот со влажни раце.
Не влечете го кабелот за да го
исклучите апаратот од струја.
Секогаш повлекувајте го
приклучокот за струја.
2.3 Поврзување за довод на
вода
Доводната вода не треба да биде
потопла од 25 °C.
МАКЕДОНСКИ 5
Не ги оштетувајте цревата за вода.
Пред да ги поврзете новите црева,
цревата кои не биле користени
подолг период, каде се направила
некаква поправка или биле ставени
нови уреди (мерачи за вода итн.),
оставете ја водата да тече се
додека не стане чиста и бистра.
Проверете дали има видливи
протекувања на вода за време или
после првата работа на апаратот.
Не користете продолжено црево
ако доводното црево е кратко.
Јавете се во овластениот сервисен
центар за замена на доводното
црево.
Кога го отпакувате апаратот, можно
е од цревото за цедење да истече
вода. Ова е заради тестирањето на
апаратите со вода во самата
фабрика.
Можете да го продолжите
одводното црево за максимум 400
cm. Јавете се во овластениот
сервисен центар за да добиете
друго одводно црево и
продолжеток.
Проверете дали има пристап до
чешмата по монтирањето.
2.4 Употребa
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасност од повреди,
струен удар, пожар,
изгореници или
оштетување на апаратот.
Следете ги безбедносните упатства
дадени на пакувањето на
детергентот.
Не ставајте запаливи производи
или предмети кои се мокри заедно
со запаливи производи во
апаратот, или во негова близина.
Немојте да перете многу валкани
такенини, масни или други
замастени материјали. Тоа може да
ги оштети гумените делови на
машината за перење. Исперете ги
претходно рачно пред да ги ставите
во машината за перење.
Проверете дали сите метални
предмети се извадени од алиштата.
2.5 Сервис
За да го поправите апаратот,
контактирајте со овластениот
сервисен центар. Користете само
оригинални резервни делови.
Треба да знаете дека само-
поправката или
непрофесионалната поправка може
да имаат последици врз
безбедноста и може да ја направи
гаранцијата неважечка.
Следниве резервни делови се
достапни 10 години откако ќе биде
прекинато производството на
моделот: мотор и моторни четки,
предавател помеѓу мотор и
барабан, пумпи, пригушувачи и
амортизери, барабан, лопатки за
барабан и соодветни лагери,
грејачи и грејни елементи,
вклучително и топлински пумпи,
цевки и слична опрема, вклучувајќи
црева, вентили, филтри и
аквастопи, печатени плочи,
електронски дисплеj, прекинувачи
за притисок, термостати и сензори,
софтвер и фирмвер, вклучително и
софтвер за ресетирање, врата,
шарки за врати и заптивки, други
заптивки, склопки за заклучување
на вратите, пластични периферни
уреди како што се диспензери за
детергент. Треба да знаете дека
некои од овие резервни делови се
достапни само кај професионални
сервисери, и дека не сите резервни
делови се релевантни за сите
модели.
Во однос на светилите во
внатрешноста на овој производ и
резервните светилки што се
продаваат посебно: Овие светилки
се предвидени да издржат
екстремни физички услови во
апаратите за домаќинство, како што
се температура, вибрации,
влажност или се предвидени за
давање сигнали за работната
состојба на апаратот. Тие не се
предвидени да се користат за други
намени и не се погодни за
осветлување простории во домот.
www.electrolux.com6
2.6 Расходување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Ризик од повреда или
задушување.
Исклучете го апаратот од струја и
вода.
Извадете го електричниот кабел
блиску до апаратот и фрлете го.
Извадете ја кваката на вратата за
да спречите затварање на деца или
миленици во барабанот.
Фрлете го апаратот во согласност
со условите за фрлање на
Искористена електрична и
електронска опрема (ИЕЕО).
3. ОПИС НА ПРОИЗВОДОТ
3.1 Специјални функции
Вашата нова машина за перење ги
исполнува сите современи барања за
делотворен третман на алиштата со
мала потрошувачка на вода, енергија
и детергент, и со соодветна грижа за
ткаенините.
Благодарение на опцијата
Дополнителна мекост ,
омекнувачот за ткаенини
подеднакво се распоредува врз
алиштата и навлегува длабоко во
влакната на ткаенината што
обезбедува идеална мекост.
SensiCare System автоматски го
прилагодува времетраењето на
програмата за алиштата во
барабанот за да се добијат
совршени резултати при перењето
за најкратко можно време.
Прочитајте го параграфот
„SensiCare System откривање на
полнење “ за повеќе детали.
3.2 Преглед на апаратот
7
8
11
5
6
9
10
2
3
1
4
1
Контролна плоча
2
Капак
3
Рачка на капакот
4
Филтер на одводната пумпа
5
Ногарки за ливелирање на
апаратот
6
Доводно црево
7
Одводно црево
8
Кабел за струја
МАКЕДОНСКИ 7
9
Завртки при транспорт
10
Потпора на црево
11
Плочка со спецификации
Информации за регистриран производ.
Плочката со спецификации го кажува
името на моделот (A) , бројот на
производот (B), електрични
спецификации (C) и сериски број D).
00000000
00A
Mod.
xxxxxxxxx
000V ~ 00Hz 0000 W
910000000
00
A
B
C
Prod.No.
D
Плочката со спецификации го кажува
името на моделот (A), бројот на
производот (B ), и сериски број (C).
A
B
C
4. ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ
Димензијa Ширина/ Висина/ Вкупна
длабочина
39,7 cm /90,8 cm /59,9 cm
Поврзување на струјата Волтажа
Вкупна моќност
Осигурувач
Фреквенција
230 V
2200 W
10 A
50 Hz
Ниво на заштита од навлегување тврди честички и
влага обезбедено со заштитниот капак, освен кога
опремата со низок напон нема заштита од влага
IPX4
Притисок во доводот на
вода
Минимално
Максимално
0,5 бари (0,05 MPa)
8 бари (0,8 MPa)
Снабдување со вода
1)
Студена вода
Максимално полнење Памучни 6 kg
Брзина на
центрифугата
Максимална брзина на
центрифугата
1151 rpm
1)
Поврзете го доводното црево со славина за вода со навој 3/4'' .
5. МОНТАЖА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за
заштита и сигурност.
www.electrolux.com8
5.1 Отпакување и поставување
1.
2
1
2.
1
2
1
2
3. 4.
Ви препорачуваме да ги зачувате и пакувањето и завртките за
транспорт, бидејќи ќе ви требаат во случај да го преместувате
апаратот.
Прилагодете го точно апаратот за да спречете вибрации, бука и движење на
апаратот кога работи.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Не ставајте картон, дрво или слични материјали под апаратот
за да го нивелирате.
МАКЕДОНСКИ 9
5.2 Доводно црево
90
O
90
O
3/4”
3/4”
1/2”
3/4”
0.3-10 bar
FI
DK
SE
NO
Додатоците доставени со апаратот
може да се разликуваат во зависност
од моделот.
Проверете дали цревата
се оштетени или дали
има протекување кај
спојките. Не користете
продолжено црево ако
доводното црево е
кратко. Јавете се во
сервисниот центар за
замена на доводното
црево.
5.3 Одвод за вода
min.600 mm
max.1000 mm
Одводното црево треба да биде поставено на висина не помала од 600 mm и не
поголема од 1.000 mm.
Можете да го продолжите одводното цревото за максимум 4.000 mm. Контактирајте со
овластениот сервисен центар за другото одводно црево и за продолжетокот.
5.4 Поврзување на струјата
На крајот на монтажата, можете да го
поврзете приклучникот на мрежата со
штекерот.
На плочката со спецификации и во
поглавјето „Технички податоци“ се
наведени неопходните електрични
спецификации. Осигурете се дека тие
се компатибилни со напојувањето.
www.electrolux.com10
Проверете дали вашата домашна
електрична инсталација може да го
поднесе потребното максимално
оптоварување, притоа земајќи ги
предвид и останатите користени
уреди.
Поврзете го апаратот со заземјена
приклучница.
По монтажата на уредот, кабелот за
напојување мора да биде лесно
достапен.
За каква било електрична работа
потребна за монтажа на овој апарат,
контактирајте со нашиот Овластен
сервисен центар.
Производителот не прифаќа никаква
одговорност за оштетувања или
повреди настанати поради
непочитување на горенаведените
безбедносни мерки.
6. КОНТРОЛНА ТАБЛА
6.1 Опис на контролна табла
2 3 4 5
10
7
1
68911
1
Бирач на програми
2
Екрaн
3
Одложен почеток копче на допир
4
Одредување на времето копче на
допир
5
Старт/Пауза копче на допир
6
Дополнителна мекост копче на
допир
7
Екстра плакнење копче на допир
8
Предперење копче на допир
9
Центрифуга копче на допир за
намалување
Опција без центрифуга
Опција за запирање на
плакнењето
Ноќе опција
10
Вклучено/Исклучено копче за
притискање
11
Тепература копче на допир
МАКЕДОНСКИ 11
6.2 Екрaн
A B C D
E
FG
A Показно светло за заклучен капак.
B Показно светло за одложен почеток.
C Дигиталното показно светло може да прикаже:
Времетраење на програма (на пр. ).
Одложување на програма (на пр. ).
Крај на циклусот ( ).
Код за предупредување (на пр.
)
D Показно светло за показател на ниво на линија на
Управител на време.
E Показно светло за чистење на барабан.
F Показно светло за безбедносна брава за деца.
G Показно светло за додавање на алишта. Се пали на
почетокот на фазата на Перење, додека корисникот
може се уште да го запре апаратот и да додаде
повеќе алишта.
www.electrolux.com12
7. БИРАЊЕ И КОПЧИЊА
7.1 Вовед
Опциите/функциите не
може да се избираат со
сите програми за перење.
Проверете ја
компатибилноста меѓу
опциите/функциите и
програмите за перење во
„Табелата со програми“.
Една опција/функција може
да исклучи друга, во овој
случај, апаратот не ви
дозволува да поставите
некомпатибилни опции/
функции.
7.2 Вклучено/Исклучено
Притискањето на ова копче неколку
секунди ви овозможува да го вклучите
или исклучите апаратот. Два различни
звука се огласуваат при вклучување
или исклучување на апаратот.
Додека функцијата Во мирување го
исклучува апаратот за да ја намали
потрошувачката на енергија, во некои
случаи можеби ќе треба повторно да
го вклучите апаратот.
За повеќе детали, погледнете во
ставот Во Мирување во поглавјето
Секојдневна употреба.
7.3 Тепература
Кога избирате програма за перење,
апаратот автоматски предлага
стандардна температура.
Показно светло Студено = студена
вода.
Се вклучува показното светло за
поставената температура.
7.4 Центрифуга
Кога ќе поставите програма, апаратот
автоматски ја поставува максималната
дозволена брзина на центрифугата
освен програмата Denim.
Дополнителни опции за
центрифуга:
Без центрифуга . Се пали
соодветниот показател.
Поставете ја оваа опција за да ги
откажете сите фази на
центрифугирање. Апаратот ја
пушта само фазата на цедење на
одбраната програма за миење.
Поставете ја оваа опција само за
многу чувствителни ткаенини.
Фазата на плакнење користи повеќе
вода кај некои програми за перење
Задржано плакнење . Се пали
соодветниот показател.
Крајната центрифуга е откажана.
Водата од последното плакнење не
се цеди за да се спречи туткање на
ткаенините. Програмата за перење
запира со вода во барабанот.
Капакот останува заклучен и
барабанот постојано врти за да го
намали туткањето. Морате да ја
исцедите водата за да го отклучите
капакот.
Ако сте го допреле копчето Старт/
Пауза , апаратот ја пушта
фазата на центрифуга и ја цеди
водата.
Ноќе . Се пали соодветниот
показател.
Центрифугите меѓу фази и
завршните центрифуги се откажани
и програмата завршува со вода во
барабанот. Ова помага да се
намали туткањето. Капакот
останува заклучен. Барабанот
постојано врти за да го намали
туткањето. Морате да ја исцедите
водата за да го отклучите капакот.
Бидејќи програмата е многу тивка,
погодна е за употреба навечер кога
има евтина тарифа на
електричната струја. Кај некои
програми плакнењата се вршат со
повеќе вода.
Ако го допрете копчето Старт/
Пауза , апаратот ја пушта само
фазата на цедење.
Апаратот ја празни водата
автоматски по околу 18
часа.
МАКЕДОНСКИ 13
7.5 Предперење
Со оваа опција можете да додадете
фаза на предперење кон програмата
за перење.
Соодветното показно светло светнува.
Оваа функција користете ја за да
додадете фаза на претперење на
30 °C пред фазата на перење.
Оваа опција се препорачува за
многу извалкани алишта, особено
ако содржат песок, прашина, кал и
други тврди честички.
Овие опции може да го
зголемат времетраењето
на програмата.
7.6 Постојана Екстра
плакнење
Оваа опција додава неколку фази
според одбраната програма за миење.
Користете ја оваа опција кај луѓе
алергични на остатоци од детергент и
со чувствителна кожа.
Оваа опција го продолжува
траењето на програмата.
Соодветниот показател над копчето за
допир светнува и исто останува
постојано да свети за време на
следните циклуси се додека оваа
опција не се исклучи.
7.7 Постојана Дополнителна
мекост
Поставете ја опцијата за да
постигнете оптимално
распределување на омекнувачот и
зголемување на мекоста на
ткаенините.
Препорачано кога користите
омекнувач за ткаенини.
Оваа опција го продолжува
траењето на програмата.
Соодветниот показател над копчето за
допир светнува и исто останува
постојано да свети за време на
следните циклуси се додека оваа
опција не се исклучи.
7.8 Одложен почеток
Со оваа опција можете да го одложите
почетокот на програмата во
посоодветно време.
Допрете го копчето повеќе пати за да
го поставите потребниот одложен
почеток. Времето се зголемува во
чекори од 1 час до 20 часа.
Екранот го покажува соодветниот
показател
и одбраното време на
одложување. По допирањето на
копчето Старт/Пауза , апаратот
започнува со одбројувањето и вратата
се заклучува.
7.9 Одредување на времето
Со оваа опција може да го намалите
траењето на програмата во зависност
од големината на алиштата и степенот
на извалканост.
При поставување програма за перење,
на екранот се прикажува стандардното
времетраење и трепка.
Допрете го копчето Одредување на
времето за да го намалите
траењето на програмата според
вашите потреби. Екранот го покажува
времетраењето на новата програма и
бројот на цртички ќе се намали
соодветно:
погодно за цело полнење на
нормално валкани алишта.
брз циклус за цело полнење со
малку валкани алишта.
многу брз циклус за мало
полнење со малку валкани алишта (се
препорачува максимално полнење).
најкраткиот циклус за
освежување на мало полнење со
алишта.
Одредување на времето е достапен
само со програмите дадени во
табелата.
www.electrolux.com14
показно
светло
Eco 40-60
Cottons
Synthetics
1)
показно
светло
Eco 40-60
Cottons
Synthetics
1)
Стандардно траење за сите програми.
7.10 Старт/Пауза
Допрете го копчето Старт/Пауза за
вклучување, паузирање на апаратот
или прекинување на програмата во
тек.
8. ПРОГРАМИ
8.1 Табела со програми
Прогрaмa
Стандарднa
температурa
Опсег на
температура
та
Референт
на брзина
на
центрифу
гата
Опсег на
брзината
на
центрифу
гата
[rpm ]
Макси
мално
полне
ње
Опис на програма
(Вид полнење и ниво на валканост)
Eco 40-60
40 °C
1)
1200 (rpm)
(1200-
400)
6 kg Бели памучни алишта и алишта од
трајно обоен памук. Нормално извалкани
алишта. Потрошувачката на енергија се
намалува, а времето на програмата за
перење се продолжува, давајќи добри
резултати при перењето.
Cottons
40 °C
90 °C -
Студена
1200 (rpm)
(1200-
400)
6 kg Бели памучни алишта и обоени памучни
алишта. Нормална и голема извалканост.
Synthetics
40 °C
60 °C -
Студена
1200 (rpm)
(1200 -
400)
3 kg Синтетички алишта или алишта од
мешани ткаенини. Нормално извалкани
алишта.
МАКЕДОНСКИ 15
Прогрaмa
Стандарднa
температурa
Опсег на
температура
та
Референт
на брзина
на
центрифу
гата
Опсег на
брзината
на
центрифу
гата
[rpm ]
Макси
мално
полне
ње
Опис на програма
(Вид полнење и ниво на валканост)
Delicates
30 °C
40 °C -
Студена
1200 (rpm)
(1200-
400)
2 kg Чувствителните ткаенини, како на
пример акрил, вискоза и мешаните
ткаенини имаат потреба од нежно
перење. Нормално и лесно извалкани
алишта.
Rapid 14min
30 °C
800 rpm
(800- 400)
1,5 kg Алишта од синтетички или мешани
ткаенини. Малку извалкани алишта и
алишта за освежување.
Rinse
1200 (rpm)
(1200-
400)
6 kg Сите ткаенини, освен волнени и многу
чувствителни ткаенини. Програма за
плакнење и центрифуга на алиштата.
Фабричката брзина на центрифугата е
онаа што се користи за програми за
памучни алишта. Намалете ја брзината на
центрифугата во зависност од видот на
алишта. Ако е потребно, поставете ја
опцијата Екстра плакнење за да додадете
плакнење. Апаратот изведува нежни
плакнења со мала брзина на центрифугата
и кратко центрифугирање.
Spin/Drain
1200 (rpm)
(1200
-400)
6 kg Сите ткаенини, освен волнени и многу
чувствителни ткаенини. За
центрифугирање на алиштата и за цедење
на водата во барабанот.
Anti-Allergy
60 °C
1200 (rpm)
(1200 -
400)
6 kg Бели памучни алишта. Оваа програма ги
отстранува микроорганизмите
благодарение на фазата на перење со
температура што се одржува над 60°C
неколку минути. Ова помага да се
отстраната микроорганизмите, бактериите
и честичките. Додатокот пареа заедно со
додатната фаза на плакнење овозможува
правилно вадење на остатоците детергент
и предмети со полен/алергенси со што е
погодна за нежна и чувствителна кожа.
www.electrolux.com16
Прогрaмa
Стандарднa
температурa
Опсег на
температура
та
Референт
на брзина
на
центрифу
гата
Опсег на
брзината
на
центрифу
гата
[rpm ]
Макси
мално
полне
ње
Опис на програма
(Вид полнење и ниво на валканост)
Baby
40 °C
40 °C -
Студена
1200 (rpm)
(1200 -
400)
1 kg Посебен циклус погоден за бебешки
алишта. Високото ниво на вода и нежното
движење за време на фазата на перење ја
заштитува бојата и влакната.
Silk
30 °C
800 rpm
(800 - 400)
1 (kg) Специјална програма за свила и мешани
синтетички алишта.
Wool
40 °C
40 °C -
Студена
1200 (rpm)
(1200-
400)
1 kg Волна што се пере во машина, волна
што се пере на рака и други алишта со
симболот за нега «рачно перење»
2)
.
Sport
30 °C
40 °C -
Студена
1200 (rpm)
(1200 -
400)
2,5 kg Мешани спортски алишта. Малку
извалкани алишта или алишта за
освежување.
МАКЕДОНСКИ 17
Прогрaмa
Стандарднa
температурa
Опсег на
температура
та
Референт
на брзина
на
центрифу
гата
Опсег на
брзината
на
центрифу
гата
[rpm ]
Макси
мално
полне
ње
Опис на програма
(Вид полнење и ниво на валканост)
Outdoor
30 °C
40 °C -
Студена
1200 (rpm)
(1200-
400)
2 kg
3)
1 kg
4)
Не користете омекнувач и
погрижете се да нема остатоци
од омекнувачот во дозерот за
детергент.
Синтетички спортски алишта. Оваа
програма е наменета за нежно перење на
модерна спортска облека, како на пример
алишта за вежбање, возење велосипед
или џогирање и слична облека за
надворешна употреба. Препорачаното
полнење е 2 kg.
Водоотпорни, водотпорни ткаенини што
овозможуваат вентилација и ткаенини
кои одбиваат вода. Оваа програма исто
така може да се користи за цисклусот за
нега на водоотпорни алишта, специјално
направен за облога која одбива вода. За да
го изведете циклусот за нега на
водоотпорни алишта, постапете на
следниот начин:
Ставете го детергентот за перење во
преградата .
Во преградата за омекнувач во фиоката
ставете специјална вода за нега на
водоотпорни алишта
.
Намалете го полнењето со алишта на 1
kg.
За подобрување на работата
на средството за нега на
водоотпорни алишта, исушете
ги алиштата во машина за
сушење на алишта со
поставката на програмата за
сушење Outdoor (ако е
достапна и ако на етикетата за
грижа за алиштата се
дозволува сушење во машина
за сушење на алишта).
www.electrolux.com18
Прогрaмa
Стандарднa
температурa
Опсег на
температура
та
Референт
на брзина
на
центрифу
гата
Опсег на
брзината
на
центрифу
гата
[rpm ]
Макси
мално
полне
ње
Опис на програма
(Вид полнење и ниво на валканост)
Denim
30 °C
40 °C -
Студена
800 rpm
(1200 -
400)
3 kg Специјална програма за алишта од џинс
со фаза на перење за нежни алишта за
минимално губење на бојата и ознаките.
За подобра нега, се препорачува
полнењето да биде намалено.
1)
Според регулативата на ЕУ 2019/2023 година, оваа програма на 40 °С е во можност
да исчисти нормално извалкани памучни алишта, кои се перат на 40 °C или 60 °C,
заедно во истиот циклус.
За постигнатата температура на алиштата, времетраењето на
програмата и другите податоци, погледнете во поглавјето „Потрошувачка
вредност“.
Најефикасните програми во однос на потрошувачката на енергија се
генерално оние што настапуваат на пониски температури и имаат
подолго времетраење.
2)
Во текот на овој циклус, барабанот се врти бавно за да обезбеди нежно перење.
Може да изгледа дека барабанот не се врти или воопшто не се врти, но тоа е
нормално за оваа програма.
3)
Програма за перење.
4)
Програма за перење и фаза за водоотпорност.
Компатибилност со опции за програми
Програма
ОПЦИИ
Eco 40-60
Cottons
Synthetics
Delicates
Rapid 14min
Rinse
Spin/Drain
МАКЕДОНСКИ 19
Програма
ОПЦИИ
Anti-Allergy
Baby
Silk
Wool
Sport
Outdoor
Denim
Погодни детергенти за програмите за перење
Прогрaмa
Универзален
прашок
1)
Универза
лна
течност
Течност за
обоени
Нешни
волнени
C
пецијалн
и
Eco 40-60 -- --
Cottons
-- --
Synthetics
-- --
Delicates
-- -- --
Rapid 14min
-- -- --
Anti-Allergy
-- --
Baby
-- --
Silk
-- -- --
Wool
-- -- --
Sport
-- --
Outdoor
-- -- --
Denim
-- --
1)
На температури повисоки од 60 ° C се препорачува употреба на детергент во
прашок.
▲ = Препорачани -- = Непрепорачани
www.electrolux.com20
/