Electrolux EN4010DOX Používateľská príručka

Typ
Používateľská príručka
EN4010DOX
................................................ .............................................
MK ФРИЖИДЕР СО
ЗАМРЗНУВАЧ
УПАТСТВО ЗА РАКУВАЊЕ 2
SR ФРИЖИДЕР-ЗАМРЗИВАЧ УПУТСТВО ЗА УПОТРЕБУ 21
SK CHLADNIČKA S
MRAZNIČKOU
NÁVOD NA POUŽÍVANIE 40
UK ХОЛОДИЛЬНИК-
МОРОЗИЛЬНИК
ІНСТРУКЦІЯ 58
СОДРЖИНА
1. ИНСТРУКЦИИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 3
2. ОПИС НА ПРОИЗВОДОТ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 5
3. РАКУВАЊЕ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 6
4. СЕКОЈДНЕВНА УПОТРЕБА . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 6
5. ДИСПЕНЗЕР ЗА ВОДА СО ПАТРОН ЗА ФИЛТРИРАЊЕ PUREADVANTAGE . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 8
6. ПОМОШНИ НАПОМЕНИ И СОВЕТИ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 13
7. НЕГА И ЧИСТЕЊЕ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 14
8. РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 15
9. МОНТАЖА . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 18
10. ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 20
НИЕ МИСЛИМЕ НА ВАС
Ви благодариме што купивте Electrolux апарат. Одбравте производ со долгогодишно професионално
искуство и иновативност. Револуционерен и стилски, мислевме на Вас кога го дизајниравме. Со секое
користење, бидете сигурни дека секогаш ќе имате супер резултати.
Добродојовте во Electrolux.
Посетете ја нашата веб страница за да:
Добиете корисни совети, брошури, водич за решавање на проблеми, информации за
сервисирање:
www.electrolux.com
Регистрирате Вашиот производ за подобри услуги:
www.electrolux.com/productregistration
Купувате Додатоци, Половни и Оригинални делови за Вашиот апарат:
www.electrolux.com/shop
СЛУЖБА ЗА ПОТРОШУВАЧИ И СЕРВИС
Ви препорачуваме да користите оригинални делови.
Кога ќе контактирате со Сервисот, бидете сигурни дека ги имате на располагање следниве податоци.
Информациите може да ги најдете на плочката со податоци. Модел, Број на производот, Сериски број.
Предупредување / Внимание - Сигурносни информации.
Општи информации и совети
Еколошки информации
Можноста за промени е задржана.
2
www.electrolux.com
1.
ИНСТРУКЦИИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ
За ваша безбедност и за да се обезбеди
правилна употреба, пред да го наместите и
да го користите апаратот првпат, прочитајте
го упатството за употреба внимателно,
вклучувајќи ги и советите и
предупредувањата. За да се избегнат
непотребни грешки и незгоди, важно е сите
што го користат апаратот да се темелно
запознаени со начинот на работата и
безбедносните функции. Чувајте го
упатството и погрижете се да биде со
апаратот ако се премести или продаде, за да
може секој што го користи во работниот век
да биде правилно информиран за употребата
на апаратот и за безбедноста.
За безбедност на животот и имотот чувајте ги
опомените за претпазливост од ова упатство
бидејќи производителот не е одговорен за
штетите предизвикани од нивното
непочитување.
1.1 Безбедност на децата и
помалку вештите лица
Апаратот не е наменет да го користат лица
(вклучувајќи и деца) со намалени физички,
сетилни или ментални способности, или
што немаат искуство и знаење, освен ако
не се под надзор или се упатени за
користење на апаратот од страна на лице
што е одговорно за нивната безбедност.
Децата треба да се под надзор за да не си
играат со апаратот.
Чувајте ги сите материјали за пакување
далеку од децата. Постои опасност од
задушување.
Ако го расходувате апаратот, извлечете го
кабелот за струја од штекерот, исечете го
(што е можно поблиску до апаратот) и
извадете ја вратата за да спречите децата
што си играат да не ги удри струја или да
не се затворат во него.
Ако апаратов, кој има магнетизирани гуми
за затворање, треба да замени постар
апарат што има брава со пружина на
вратата или капакот, погрижете се да ја
онеспособите бравата со пружина пред да
го расходувате стариот апарат. Така ќе се
спречи тој да стане смртоносна стапица за
децата.
1.2 Општа безбедност
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Отворите за вентилација, во опкружувањето
на апаратот или во вградената конструкција,
треба да се ослободени од пречки.
Апаратот е наменет за чување
прехранбени продукти и/или пијалаци во
нормално домаќинство и слично, како на
пример:
кујнски простор за вработени во
продавници, канцеларии и други работни
околини;
фарми, клиенти во хотели, мотели и друг
вид на сместувачки објекти;
сместување на база на спиење и
појадок;
во угостителство и слични намени кои не
се во малопродажниот сектор.
Не користете механички уреди или
вештачки средства за забрзување на
топењето.
Не користете други електрични апарати (на
пр. мешалки за сладолед) внатре во
ладилници, освен ако не се одобрени за
таква намена од страна на производителот.
Не оштетувајте ги водовите за ладење.
Средството за ладење изобутан (R600a)
што кружи низ водовите за ладење на
апаратот е природен гас со високо ниво на
еколошка подобност, но сепак е запалив.
За време на превозот и монтажата на
апаратот, внимавајте да не се оштети
ниеден дел од водовите за ладење.
Доколку се оштетат водовите за ладење:
избегнувајте отворен оган и извори на
искри
проветрете ја темелно собата во која е
сместен апаратот
Опасно е да се менуваат спецификациите
или да се вршат какви било промени на
производот. Секое оштетување на кабелот
може да предизвика краток спој, пожар и/
или струен удар.
МАКЕДОНСКИ 3
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Сите електрични делови (кабелот за
струја, приклучокот, компресорот)
мора да ги замени сертифициран или
квалификуван сервисер за да се
избегне ризик.
1.
Кабелот за струја не смее да се
продолжува.
2.
Погрижете се приклучокот за
напојување да не е смачкан или
оштетен од задниот дел на уредот.
Смачкан или оштетен приклучок за
напојување може да се прегрее и да
предизвика пожар.
3.
Погрижете се кабелот за струја на
апаратот да биде пристапен.
4.
Не влечете го кабелот за струја.
5.
Ако штекерот е разлабавен, не
вметнувајте го приклучокот во него.
Постои опасност од струен удар или
пожар.
6.
Не смеете да ракувате со уредот без
капакот на лампата (ако е предвиден)
за внатрешно осветлување.
Овој уред е тежок. Бидете внимателни кога
го преместувате.
Не вадете ги и не допирајте ги предметите
во преградите на замрзнувачот ако рацете
ви се водени или влажни затоа што тоа
може да предизвика гребење на кожата и
смрзнатини.
Избегнувајте подолга изложеност на
апаратот на директна сончева светлина.
Крушковидните светилки (ако се
предвидени) што се користат во овој
апарат се специјални светилки
употребливи само во апарати за
домаќинство. Тие не се погодни за собно
осветление.
1.3 Секојдневна употреба
Не ставајте жешки садови на пластичните
делови на апаратот.
Не чувајте запаливи гасови и течности во
апаратот, зашто тие може да
експлодираат.
Не ставајте прехранбени продукти
директно врз отворот за воздух на задниот
ѕид. (Ако апаратот е со заштита од
замрзнување)
Смрзнатата храна не смее повторно да се
смрзнува откако ќе се одмрзне.
Чувајте ја претходно спакуваната смрзната
храна во согласност со упатствата на
нејзиниот производител.
Мора строго да се почитуваат препораките
за чување на производителот на апаратот.
Видете во соодветното упатство.
Не ставајте содирани или газирани
пијалаци во преградите на замрзнувачот,
бидејќи тие создаваат притисок во садот,
што може да предизвика негово
експлодирање, што може да заврши со
оштетување на апаратот.
Смрзнатите лижавчиња може да
предизвикаат смрзнатици ако се
конзумираат веднаш.
1.4 Одржување и чистење
Пред одржување, исклучете го апаратот и
извадете го приклучокот за струја од
штекерот.
Не чистете го апаратот со метални
предмети.
Не користете остри предмети за вадење на
мразот од апаратот. Користете пластичен
гребач.
Редовно проверувајте го одводот на
фрижидерот за одмрзната вода. Ако е
неопходно, исчистете го одводот. Ако
одводот е блокиран, ќе се собира вода на
дното на фрижидерот.
1.5 Местење
За електричното поврзување,
внимателно постапете според
упатствата дадени во одделните
пасуси.
Распакувајте го апаратот и проверете да не
е оштетен. Не приклучувајте го апаратот
ако е оштетен. Пријавете ги евентуалните
оштетувања веднаш таму каде што сте го
купиле апаратот. Во тој случај, престанете
со распакување.
Препорачливо е да се почека најмалку
четири часа пред да се приклучи апаратот
за да може маслото да се врати во
компресорот.
Околу апаратот треба да има соодветно
кружење на воздухот - без него може да
дојде до прегревање. За да се постигне
доволно проветрување, следете ги
упатствата за местење.
4
www.electrolux.com
Секогаш кога е можно, задниот дел на
производот треба да е блиску до ѕид, за да
не биде можно допирање или фаќање на
топлите делови (компресорот,
кондензаторот) и изгорувањето од нив.
Апаратот не смее да се наоѓа блиску до
радијатори или плински шпорети.
Внимавајте штекерот да е пристапен по
местењето на апаратот.
Поврзете го само со довод за питка вода
(ако е предвидено поврзување со вода).
1.6 Сервисирање
Електричните приспособувања потребни за
сервисирање на апаратот треба да ги
изврши квалификуван електричар или
компетентно лице.
Производот мора да го сервисира овластен
Сервисен центар и мора да се користат
само оригинални резервни делови.
1.7 Заштита на животната средина
Апаратот не содржи гасови што може
да го оштетат озонскиот слој ниту во
водовите за ладење, ниту во
изолациските материјали. Апаратот
не смее да се расходува заедно со
обичен комунален смет и ѓубре.
Изолациската пена содржи запаливи
гасови: апаратот мора да се
расходува согласно со важечките
прописи што може да ги добиете од
локалните власти. Избегнувајте
оштетување на уредот за ладење,
особен одзади, близу до
разменувачот на топлина.
Материјалите употребени за овој
апарат означени со симболот
се
рециклираат.
2. ОПИС НА ПРОИЗВОДОТ
2 54 6 7 8 9
11
31
10
МАКЕДОНСКИ 5
1
Фиоки за зеленчук
2
Фиока за свежа храна
3
Полици во внатрешноста
4
Динамичко воздушно ладење
5
Држач за шишиња
6
Полица за млечни производи
7
Дозер за вода
8
Полица на вратата
9
Полица за шишиња
10
Корпи за замрзнувачот
11
Плочка со спецификации
3. РАКУВАЊЕ
3.1 Вклучување
Вметнете го приклучникот во ѕиден штекер.
Свртете го регулаторот на температурата
надесно до средната поставка.
3.2 Исклучување
За да го исклучите апаратот, свртете го
регулаторот на температурата во положба
"O".
3.3 Регулирање на температурата
Температурата се регулира автоматски.
За да работите со апаратот, постапете на
следниов начин:
свртете го регулаторот на температурата
кон помалата поставка за да постигнете
минимално ладење.
свртете го регулаторот на температурата
кон поголемата поставка за да постигнете
максимално ладење.
Средната поставка, општо земено, е
најпогодна.
Меѓутоа, точната поставка треба да се
одбере имајќи предвид дека температурата
во внатрешноста на апаратот зависи од:
собната температура
колку често се отвора вратата
количеството храна што се чува
местоположбата на апаратот.
Ако околната температура е висока
или апаратот е целосно наполнет, а
апаратот е поставен на најниската
температура, може да работи
непрестано што ќе предизвика да се
формира мраз на задниот ѕид. Во тој
случај, тркалцето мора да се постави
на повисока температура за да се
овозможи автоматско одмрзнување,
а со тоа и помала потрошувачка на
енергија.
4. СЕКОЈДНЕВНА УПОТРЕБА
4.1 Смрзнување свежа храна
Комората на замрзнувачот е погодна за
замрзнување свежа храна и чување смрзната
и длабоко-смрзната храна подолго време.
За да смрзнувате свежа храна не е неопходно
да ја менувате средната поставка.
Меѓутоа, за побрзо смрзнување, свртете го
регулаторот на температурата кон
поголемата поставка за да постигнете
максимално ладење.
Во овие услови, температурата на
комората на фрижидерот може да
падне под 0°C. Ако дојде до тоа,
вратете го регулаторот за
температура на помала поставка.
Ставете ја свежата храна за мрзнење во
горната комора.
4.2 Чување смрзната храна
По првото вклучување или по извесен период
некористење, пред да ставите производи во
преградата, оставете апаратот да работи
барем 2 часа на најголемата поставка.
6
www.electrolux.com
Во случај на случајно одмрзнување,
на пример поради снемување струја,
ако немало струја подолго време
отколку под ставката "време на
одржување" во табелата за технички
карактеристики, одмрзнатата храна
мора да се изеде брзо или да се
зготви веднаш, а потоа повторно да
се смрзне (откако ќе се излади).
4.3 Одмрзнување
Длабоко смрзнатата и смрзнатата храна, пред
да се употреби, може да се одмрзне во
преградата на фрижидерот или на собна
температура, зависно од времето достапно за
оваа постапка.
Малите парчиња може дури и да се готват
смрзнати, директно од замрзнувачот: во тој
случај, готвењето ќе трае подолго.
4.4 функција DYNAMICAIR
Функцијата DYNAMICAIR овозможува брзо
ладење на храната и попостојана
температура во фрижидерот.
За да го активирате уредот DYNAMICAIR,
притиснете го прекинувачот (1). Се пали
зеленото показно светло (2).
1
2
Вклучете го уредот кога околната
температура е повисока од 25°C.
4.5 Местење на полиците на
вратата
За да се овозможи чување на пакети храна во
разни големини, полиците на вратата може да
се поставуваат на различни висини.
За да ги направите овие подесувања,
постепено влечете ја полицата во насоката на
стрелките додека не се ослободи, потоа
наместете ја по желба.
1
2
Не поместувајте ја големата полица
на долната врата за да се обезбеди
струење на воздухот.
4.6 Подвижни полици
На ѕидовите на фрижидерот се монтирани
низа држачи така што полиците може да се
наместат по желба.
Некои полици мора да се подигнат со задниот
раб за да се овозможи нивно вадење.
Не поместувајте ја стаклената
полица над фиоката за зеленчук за
да не го пореметите струењето на
воздухот.
4.7 Држач за шишиња
Ставајте ги шишињата (со отворот свртен
нанапред) на претходно наместената полица.
Ако полицата е ставена
хоризонтално, ставајте само
затворени шишиња.
Полицата за шишиња може да се навали за
да се чуваат претходно отворени шишиња. За
да го постигнете тоа, повлечете ја полицата
нагоре за да може да се сврти нагоре и да се
стави на следното повисоко ниво.
МАКЕДОНСКИ 7
4.8 Фиока Freshzone
Фиоката FreshZone е погодна за зачувување
свежа храна како риба, месо, морска храна,
бидејќи температурата таму е пониска од
остатокот на фрижидерот.
4.9 Вадење на корпите за
смрзнување од замрзнувачот
Корпите за замрзнување имаат граничник за
сопирање што спречува нивно случајно
вадење или испаѓање. Кога сакате да ги
извадите од замрзнувачот, повлечете ја
корпата кон себе и, кога ќе дојде до
граничникот, извадете ја корпата кревајќи го
предниот дел нагоре.
2
1
Кога ги враќате, кренете го малку предниот
дел на корпата за да ја вметнете во
замрзнувачот. Кога ќе ги поминете
граничниците, турнете ја корпата назад во
положбата.
5. ДИСПЕНЗЕР ЗА ВОДА СО ПАТРОН ЗА ФИЛТРИРАЊЕ
PUREADVANTAGE
5.1 Апарат за филтрирање вода
Pure advantage
Внатрешни делови:
А. Поклопец и капак
Б. Патрон за чиста вода
В. Внатрешен резервоар
Г. Резервоар за вода
E. Показател за промена на електронскиот
патрон
Ѓ. Вентил и заптивач
D
E
F
C
A
B
Надворешни делови:
8
www.electrolux.com
•А. Дозер
Б. Рачка за вода
В. Плех за водата што капе
A
B
C
5.2 Подготовки за користење на
славината за вода
1.
Извадете ги сите ленти и други заштитни
материјали од комплетот на резервоарот
2.
исчистете ги деловите, како што е
опишано во „Постапка за чистење на
дозерот за вода“ за да се отстрани
заостанатиот талог.
5.3 Постапка за чистење на
дозерот за вода
Деблокирајте ги двете „штопни“ на
страните на резервоарот како што е
прикажано на сликите:
извадете го патронот PUREADVANTAGE
од апаратот за филтрирање вода
притиснете ги штопните на средина и
извлечете го нагоре
поместете ја штопната во насока на
централниот резервоар.
Турнете го резервоарот нагоре во насока
на вентилот.
Извадете го капакот и внатрешниот
резервоар
Отштрафете го вентилот налево (особено
внимавајте да не ја изгубите заптивката на
вентилот затоа што е неопходна за
правилно функционирање на апаратот).
Исчистете ги капакот на резервоарот,
вентилот и заптивката со раствор на топла
вода и неутрален сапун. Исплакнете ги и
ставете ги во дупката на вратата за време
на чистењето на другите делови (за да се
избегне истекување на студениот воздух од
фрижидерот).
Исчистете ги резервоарот и внатрешниот
резервоар со раствор на топла вода и
неутрален сапун и исплакнете ги.
По чистењето на деловите на резервоарот,
извадете го вентилот од вратата на
фрижидерот и составете го резервоарот по
обратен редослед (4;3;2;1) од
расклопувањето (внимавајте на положбата
на заптивката на вентилот).
Ставете го составениот резервоар на
вратата вдолж насоката на вентилот.
Блокирајте ги штопните по обратен
редослед од деблокирањето.
Вметнете го повторно патронот
PUREADVANTAGE во внатрешниот
резервоар.
5.4 Користење на патронот за
филтер PUREADVANTAGE
Чекор 1: Подготвување на патронот
За да го подготвите патронот за филтер
PUREADVANTAGE, извадете ја заштитната
обвивка (напомена: патронот и внатрешната
обвивка може да изгледаат влажни, тоа е
само кондензација).
Потопете го патронот во студена вода и
протресете го нежно за да ги отстраните
меурчињата воздух. Филтерот е сега
подготвен за употреба.
Нема потрба од претходно киснење на новиот
патрон PUREADVANTAGE.
МАКЕДОНСКИ 9
Чекор 2: Вметнете го во внатрешниот
резервоар
Извадете го капакот. Пред да го вметнете
патронот, извадете го внатрешниот
резервоар и исчистете го убаво со плакнење,
па избришете го со крпа.
Потоа убаво исчистете ја внатрешноста на
резервоарот за вода со мокра крпа и
избришете ја со сува крпа.
Ставете го патронот во резервоарот на
филтерот и притиснете надолу додека не
„кликне“ цврсто на место.
Патронот треба да остане на место ако
внатрешниот резервоар се преврти наопаку.
Чекор 3: Исплакнете го патронот
Извадете го внатрешниот резервоар од
апаратот за филтрирање вода
PUREADVANTAGE, наполнете го со студена
вода од чешма и оставете ја да се процеди.
Фрлете ги првите две полнења во лавабото.
Овие први две полнења се користат за миење
на патронот за филтерот.
Потоа, вратете го внатрешниот резервоар во
апаратот за филтрирање вода
PUREADVANTAGE.
Вратете го капакот на садот и притиснете го
внимателно надолу за да проверите дал
правилно е наместен во својата положба.
2x
3x
Чекор 4: Наполнете го повторно резервоарот
за вода
За да го наполните резервоарот со студена
вода, едноставно отворете го горниот капак
на преклопување, земете бокал со студена
вода и сипете ја во внатрешноста на
резервоарот преку капакот како што е
прикажано на сликата (користете го капакот
секогаш кога сакате да полните вода) или
извадете го резервоарот за вода (повлечете
ја рачката (1) и потоа извадете го од неговото
место (2)) и наполнете го со студена вода од
чешма.
1
2
За да избегнете истурање на водата
за време на затворањето и
отворањето на вратата на
фрижидерот, препорачуваме да не го
полните резервоарот целосно,
максимално 4 литри.
10
www.electrolux.com
Ако не ја искористите целата
филтрирана вода во резервоарот за
1-2 дена, фрлете ја водата што
останала во апаратот за филтрирање
вода PUREADVANTAGE и измијте го
пред повторно да го наполните.
Оставете водата да се исфилтрира и
повторете го „Чекор 4“ колку што сакате сЀ
додека не се наполни апаратот за
филтрирање вода PUREADVANTAGE.
5.5 Извадете го патронот со помош
на прстенестата дршка
За да го смените патронот по четири
седмици, едноставно искористете ја
прстенестата дршка на горната страна на
патронот за да го извадите од внатрешниот
резервоар и повторете ги чекорите од 1-3
наведени претходно.
5.6 На Мемо PUREADVANTAGE
За максимално ефикасно филтрирање и
најдобар вкус, важно е редовно да се менува
патронот PUREADVANTAGE.
PUREADVANTAGE препорачува да го
менувате патронот во апаратот
PUREADVANTAGE во фрижидерот на четири
седмици.
PUREADVANTAGE Memo автоматски ве
потсетува кога да го смените патронот.
Единствениот уред PUREADVANTAGE Memo
го мери препорачаното време за употреба на
патронот.
PUREADVANTAGE Memo се наоѓа на
предната страна на резервоарот за вода.
Активирање на екранот на Memo
За да го активирате Memo, притиснете и
држете го притиснато копчето за почеток на
капакот сЀ додека не се појават сите четири
ленти на екранот и не трепнат двапати. Memo
е сега поставено.
Функционална контрола
Точките што трепкаат на Memo покажуваат
дека Memo работи.
Показател за векот на траење
МАКЕДОНСКИ 11
Показателот за векот на траење е
направен за користење само со
патроните за филтер
PUREADVANTAGE.
Показателот за векот на траење ве потсетува
кога е време да го смените филтерот
PUREADVANTAGE™. Секоја точка се
однесува на век на траење од околу една
недела. Препорачаниот век на траење на
филтерот PUREADVANTAGE™ од околу
четири недели (30 дена) е еднаков на четири
точки (100%). По секоја недела, еден круг ќе
исчезнува за да го покаже преостанатиот век
на траење на филтерот. Показателот за векот
на траење работи на следниот начин:
1.
Притиснете го копчето STATUS за да го
вклучите екранот.
2.
За да го видите статусот на филтерот
PUREADVANTAGE™ во било кое време;
притиснете го копчето 0,5-2 секунди. На
пример, кога се гледаат четири светла,
филтерот е полн 100% и остануваат
четири недели за негова употреба
3.
За да го ресетирате времето, притиснете
го копчето 3 секунди или подолго.
4.
Сменете го филтерот
PUREADVANTAGE™ кога сите светла
трепкаат
5.7 Важни информации
Дупката за вентилот на вратата на
фрижидерот мора да е затворена со
вентилот за вода за време на редовното
функционирање на апаратот.
Користете само вода за пиење.
Користењето некој друг вид пијалак може
да остави талог, вкус или мирис во
резервоарот и на славината.
Можно е да слушнете одредени звуци
предизвикани од воздухот што влегува кога
водата истекува од резервоарот.
Ако водата не истекува добро, притиснете
ја рачката уште еднаш. Држете ја чашата
под славината уште некое време, за да ја
соберете целата вода во чашата.
Не користете газирани пијалаци и сокови.
Пијалакот може да истече поради
притисокот на гасот.
Не заборавајте дека водата е храна.
Испијте ја филтрираната вода за еден до
два дена.
Ако апаратот за филтрирање вода
PUREADVANTAGE не се користи подолго
време (на пр., кога сте на одмор),
препорачуваме да ја фрлите
преостанатата вода од системот и да го
оставите патронот во резервоарот на
филтерот.
Пред повторно користење на системот,
извадете го патронот и повторете ги
чекорите од 1 до 4 од „Користење на
патронот за филтер PUREADVANTAGE“.
Апаратот за филтрирање вода
PUREADVANTAGE е конструиран за
користење само со комунална вода од
чешма (напомена: таа вода се контролира
постојано и е безбедна за пиење според
законските прописи) или со вода од
приватни извори која е испитана дека е
безбедна за пиење.
Ако властите издадат упатство дека водата
од чешма мора да се проврива, и
филтрираната вода со PUREADVANTAGE
мора да се проврива. Кога упатството да се
проврива водата ќе престане да важи,
целиот систем за филтрирање треба да се
исчисти и да се стави нов патрон.
Повеќе информации за користењето
на патроните за филтер
PUREADVANTAGE и Memo може да
се најдат во информативниот водич
на PUREADVANTAGE.
Нови патрони за филтер
PUREADVANTAGE и Memo може да
ги купите преку продажната мрежа на
Electrolux.
12
www.electrolux.com
6. ПОМОШНИ НАПОМЕНИ И СОВЕТИ
6.1 Нормални работни звуци
Кога разладното средство се пумпа низ
намотките или цевките, може да се слуша
звук на тивко гргорење и клокотење. Тоа е
нормално.
Кога компресорот е вклучен, средството за
ладење се пумпа низ системот и од него ќе
слушате звуци на шумење и тропање. Тоа
е нормално.
Термичката дилатација може да
предизвика ненадејни звуци на пукање. Тоа
е природен, безопасен физички феномен.
Тоа е нормално.
Кога компресорот се вклучува или
исклучува, ќе слушате слабо "кликање" на
температурниот регулатор. Тоа е
нормално.
6.2 Совети за штедење енергија
Не отворајте ја вратата често и не
оставајте ја отворена подолго отколку што
е неопходно.
Доколку околната температура е висока,
регулаторот за температура е на
најголемата поставка и апаратот е целосно
наполнет, компресорот може да работи
непрестано, што ќе предизвика формирање
мраз на испарувачот. Ако се случи тоа,
свртете го регулаторот за температура кон
помалите вредности за да овозможите
автоматско одмрзнување, со што ќе
заштедите и електрична енергија.
6.3 Совети за ладење свежа храна
За да добиете најдобри перформанси:
не ставајте топла храна или течности што
испаруваат во фрижидерот
покривајте ја или виткајте ја храната,
особено ако има посилен вкус
ставајте ја храната така што воздухот може
да кружи слободно околу неа
6.4 Совети за ладење
Корисни совети:
Месо (сите видови) : виткајте го во пластични
ќесички и ставајте го на стаклената полица
над фиоката за зеленчук.
Најбезбедно е да го чувате на овој начин
само еден или најмногу два дена.
Зготвена храна, ладни јадења итн: тие треба
да се покриени и може да се стават на која
било полица.
Овошје и зеленчук: тие треба да се убаво
измиени и ставени во специјалните фиоки за
нив. Кога се во контакт со лимонов сок,
пластичните делови од Вашиот фрижидер
може да ја изгубат бојата. Се препорачува да
ги чувате лимоните во посебни садови.
Путер и сирење: тие треба да се во посебните
херметички садови или завиткани во
алуминиумска фолија или пластични ќесички
за да се спречи допирот со воздух.
Шишиња: тие треба да имаат капаче и да се
ставаат на полицата за шишиња на вратата.
Бананите, компирите, кромидот и лукот, ако
не се спакувани, не смеат да се чуваат во
фрижидер.
6.5 Совети за смрзнување
За најдобро користење на смрзнувањето, еве
неколку важни совети:
максималното количество храна што може
да се смрзне за 24 часови е покажано на
плочката со спецификации;
смрзнувањето трае 24 часа. Не треба да се
додава храна за смрзнување во тој период;
смрзнувајте само квалитетна, свежа и
убаво измиена храна;
поделете ја храната во мали порции за да
може брзо и целосно да се смрзне и за да
овозможите одмрзнување само на
потребните количества;
завиткајте ја храната во алуминиумска или
пластична фолија убаво и стегнато;
не дозволувајте свежата несмрзната храна
да ја допира храната што е веќе смрзната,
за да не ја загреете вторава;
немасната храна се чува подобро и
подолго отколку масната; солта го
намалува векот на чување на храната;
водениот мраз, ако се конзумира веднаш
по вадењето од преградата на
замрзнувачот, може да предизвика
смрзнатици на кожата;
препорачливо е да се запише датумот на
смрзнување на секое пакување за да
можете да водите сметка за времето на
смрзнатост.
МАКЕДОНСКИ 13
6.6 Совети за чување смрзната
храна
За да добиете најдобри перформанси од
апаратот, почитувајте ги следниве напомени:
проверете дали комерцијалните смрзнати
прехранбени продукти биле соодветно
чувани кај продавачот;
погрижете се смрзнатите прехранбени
продукти да се пренесат од продавницата
до замрзнувачот во најкраток можен рок;
не отворајте ја вратата често и не
оставајте ја отворена подолго отколку што
е неопходно;
штом ќе се одмрзне, храната се расипува
брзо и не може повторно да се смрзне;
не надминувајте го препорачаниот период
за чување означен од страна на
производителот.
7. НЕГА И ЧИСТЕЊЕ
7.1 Чистење на внатрешноста
Пред првото користење на апаратот, измијте
ја внатрешноста и сите внатрешни додатоци
со млака вода и неутрален сапун за да се
отстрани карактеристичниот мирис на новите
производи, а потоа темелно избришете ги.
Не користете детергенти или
абразивни прашоци бидејќи можат да
ја оштетат политурата.
ВНИМАНИЕ
Исклучете го апаратот од струја пред
да вршите каква било постапка за
одржување.
Овој апарат содржи хидрокарбонати
во одделот за ладење; затоа
оддржувањето и повторното полнење
мора да биде направено од
овластени техничари.
7.2 Периодично чистење
Опремата треба редовно да се чисти:
измијте ги внатрешноста и додатоците со
млака вода и малку неутрален сапун.
редовно проверувајте ги заптивките на
вратата и бришете ги за да бидат чисти и
без остатоци од храна.
избришете и исушете целосно.
Не влечете ги, не поместувајте ги и
не оштетувајте ги цевките и/или
каблите во фрижидерот.
Никогаш не користете детергенти,
груби прашоци, многу парфимирани
средства за чистење или восок за
полирање за чистење на
внатрешноста, бидејќи така може да
се оштетат површините и да остане
силен мирис.
Чистете ги со четка кондензаторот (црната
решетка) и компресорот на задната страна на
апаратот. Со тоа се подобрува работењето на
апаратот и се штеди електрична енергија.
Внимавајте да не го оштетите
системот за ладење.
Многу средства за чистење кујнски површини
содржат хемикалии што може да ја нагризат/
оштетат пластиката на апаратот. Поради тоа,
се препорачува надворешноста на апаратот
да се чисти само со топла вода со малку
течност за миење.
По чистењето, приклучете ја повторно
опремата во електричната мрежа.
7.3 Одмрзнување на фрижидерот
Мразот автоматски се отстранува од
испарувачот во преградата од фрижидерот
секогаш кога компресорот ќе престане да
работи во текот на вообичаената употреба.
Водата од одмрзнувањето истекува низ
посебно дупче за истекување во посебен сад
од задната страна на апаратот, над
компресорот, каде што испарува.
Важно е повремено да се исчисти дупчето за
истекување на водата од одмрзнувањето на
средината на каналот во преградата на
14
www.electrolux.com
фрижидерот за да се спречи прелевање на
водата и нејзино капење врз храната внатре.
7.4 Одмрзнување на замрзнувачот
На полиците на замрзнувачот и околу
најгорната преграда секогаш ќе се формира
малку мраз.
Одмрзнете го замрзнувачот кога слојот мраз
ќе достигне дебелина од околу 3-5 mm.
За да го отстраните мразот, постапете на
следниов начин:
извлечете го приклучокот за струја од
ѕидниот штекер или исклучете го апаратот
Извадете ја храната, завиткајте ја во
неколку слоја весник и ставете је на
студено место
извадете ги фиоките на замрзнувачот
ставете изолациски материјал околу
фиоките, на пр. ќебиња или весници.
Одмрзнувањето може да се забрза со
ставање садови со топла вода (не што врие)
во замрзнувачот
Ослободете го одводниот канал од
положбата, притиснете го како на сликата и
ставете го во најдолната фиока на
замрзнувачот каде што може да се собира
водата
внимателно изгребете го мразот кога ќе
почне да се топи. Користете дрвен или
пластичен гребач
кога ќе се стопи целиот мраз, исчистете ја
и избришете ја целата внатрешност со сува
крпа, па вратете го одводниот канал на
место.
вклучете го фрижидерот и вратете ја
смрзнатата храна.
Се препорачува апаратот да се вклучи на
најголемата поставка на термостатот во
период од неколку часа за да може да
постигне доволна температура за чување што
е можно поскоро.
Никогаш не користете метални
алатки за да го стругате мразот од
испарувачот, бидејќи може да го
оштетите. Не користете механички
уреди или какви било други вештачки
средства за забрзување на процесот
на одмрзнување, освен оние што се
препорачани од производителот.
Зголемувањето на температурата на
смрзнатата храна за време на
одмрзнувањето може да го скрати
нејзиниот век на чување.
8. РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИ
ВНИМАНИЕ
Пред решавање на проблемите,
извадете го приклучникот за струја од
штекерот.
Само квалификуван електричар или
стручно лице смее да ги решава
проблемите што не се опишани во
упатството.
За време на нормалната употреба се
слушаат звуци (од компресорот и од
кружењето на средството за
ладење).
МАКЕДОНСКИ 15
Проблем Веројатна причина Решение
Апаратот е бучен. Апаратот не е добро
потпрен.
Проверете дали апаратот стои
стабилно (сите четири ногарки
треба да се на подот).
Компресорот работи
непрекинато.
Регулаторот за температура
може да е неправилно
поставен.
Ставете на потопло.
Вратата не е правилно
затворена.
Видете во "Затворање на
вратата".
Вратата се отворала
премногу често.
Не оставајте ја вратата
отворена подолго отколку што
е потребно.
Температурата на
продуктите е превисока.
Оставете ги продуктите да се
изладат до собна температура
пред да ги ставите внатре.
Собната температура е
превисока.
Намалете ја собната
температура.
Тече вода по задната
плоча на фрижидерот.
За време на автоматското
одмрзнување, мразот се
одмрзнува на задната плоча.
Тоа е нормално.
Во фрижидерот тече
вода.
Одводот за вода е затнат. Исчистете го одводот.
Продукти спречуваат водата
да тече во садот за вода.
Проверете некој продукт да не
ја допира задната плоча.
Истекува вода на подот. Испустот за водата од
одмрзнувањето не е во садот
за испарување над
компресорот.
Ставете го испустот за вода
од одмрзнувањето во садот за
испарување.
Има премногу мраз. Продуктите не се правилно
завиткани.
Завиткајте ги производите
подобро.
Вратата не е правилно
затворена.
Видете во "Затворање на
вратата".
Регулаторот за температура
може да е неправилно
поставен.
Ставете на повисока
температура.
Температурата на
апаратот е прениска.
Регулаторот за температура
може да е неправилно
поставен.
Ставете на повисока
температура.
Температурата на
апаратот е превисока.
Регулаторот за температура
може да е неправилно
поставен.
Ставете на пониска
температура.
Вратата не е правилно
затворена.
Видете во "Затворање на
вратата".
16
www.electrolux.com
Проблем Веројатна причина Решение
Температурата на
продуктите е превисока.
Оставете ги продуктите да се
изладат до собна температура
пред да ги ставите внатре.
Многу продукти се ставени
истовремено.
Ставајте помалку продукти
истовремено.
Температурата на
фрижидерот е
превисока.
Во апаратот не кружи студен
воздух.
Овозможете кружење на
студениот воздух во апаратот.
Температурата во
замрзнувачот е премногу
висока.
Продуктите се премногу
блиску еден до друг.
Ставете ги продуктите така
што ќе се овозможи кружење
на студениот воздух.
Апаратот не работи. Апаратот е исклучен. Вклучете го апаратот.
Приклучокот за струја не е
правилно ставен во
штекерот.
Ставете го приклучокот за
струја во штекерот правилно.
Нема струја во апаратот.
Нема напон во штекерот.
Поврзете друг електричен
апарат во штекерот.
Контактирајте со
квалификуван електричар.
Ламбата не работи. Ламбата е во подготвеност. Затворете ја и отворете ја
вратата.
Ламбата е неисправна. Видете во "Замена на
ламбата".
Ако апаратот сепак не работи правилно и по
горните проверки, јавете се на најблискиот
сервисен центар.
8.1 Замена на светлото
Апаратот е опремен со долговечно ЛЕД
внатрешно светло.
1.
Исклучете го апаратот.
2.
Притиснете го подвижниот дел за да го
откачите капакот на светилката (1).
3.
Извадете го капакот на светилката (2).
4.
Доколку е потребно, заменете ја
светилката со светилка со слични
карактеристики и моќност. Се
препорачува користење на Osram
PARATHOM SPECIAL T26 од 0,8 вати.
5.
Монтирајте го капакот на светилката.
6.
Поврзете го апаратот.
7.
Отворете ја вратата. Проверете дали
светилката ќе се запали.
1
2
8.2 Затворање на вратата
1.
Исчистете ги заптивките на вратата.
2.
Ако е потребно, приспособете ја вратата.
Видете во „Монтажа“.
3.
Ако е потребно, заменете ја
неисправната заптивка на вратата.
Контактирајте со сервисниот центар.
МАКЕДОНСКИ 17
9. МОНТАЖА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Прочитајте ги "Безбедносните
информации" внимателно пред да го
наместите апаратот за да бидете
побезбедни и апаратот да работи
правилно.
9.1 Поставување
Наместете го апаратот на место каде што
околната температура е соодветна на
климатската класа укажана на плочката со
спецификации на апаратот:
Климатс
ка класа
Околна температура
SN +10°C до + 32°C
N +16°C до + 32°C
ST +16°C до + 38°C
T +16°C до + 43°C
9.2 Местоположба
Апаратот треба да се инсталира на добра
оддалеченост од извори на топлина, како што
се радијатори, бојлери, директна сончева
светлина итн. Погрижете се воздухот
слободно да струи околу задниот дел на
апаратот. За да обезбедите најдобра работа
кога апаратот е монтиран под некој висечки
елемент, минималното растојание помеѓу
горната страна на комората и ѕидот мора да
биде најмалку 100 мм. Во идеални услови,
овој апарат не би требало да се поставува
под висечки елементи. Правилното
нивелирање се обезбедува со една или
повеќе прилагодливи ногалки во основата на
витрината.
A
B
100 mm
min
20 mm
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
По монтажата приклучокот мора да
биде лесно достапен за да може
апаратот да се исклучи од
приклучокот за напојување.
9.3 Задни разделници
Двата разделника можете да ги најдете во
ќесето со документацијата.
Направете го следново за да ги монтирате
разделниците:
1.
Отштрафете ја завртката.
2.
Ставете го разделникот под завртката.
3.
Свртете го разделникот во соодветната
положба.
4.
Повторно стегнете ги завртките.
2
4
3
1
9.4 Нивелирање
Кога го поставувате апаратот, проверете дали
стои на рамно. Ова може да се постигне со
двете ногалки што можат да се
приспособуваат на долниот дел од предната
страна.
18
www.electrolux.com
9.5 Поврзување на електриката
Пред да го приклучите, проверете дали
напонот и фреквенцијата прикажани на
плочката со спецификации одговараат на
вашата домашна електрична мрежа.
Апаратот мора да биде вземјен. Приклучокот
на кабелот за напојување со струја е со
вземјување. Ако штекерот од домашната
електрична мрежа не е вземјен, поврзете го
апаратот со посебно вземјување во
согласност со прописите за електрична
енергија и откако ќе се посоветувате со
квалификуван електричар.
Производителот одбива каква било
одговорност ако горенаведените безбедносни
мерки не се испочитувани.
Апаратот е во согласност со следниве
Директиви на ЕЕЗ.
9.6 Менување на страната на
отворање на вратата
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Пред да работите нешто со апаратот,
извадете го приклучникот од
штекерот.
За да ги изведете следните
операции, предлагаме ова да го
направите со помош на друго лице
кое ќе ги држи цврсто вратите на
апаратот додека работите.
За да ја смените насоката на отворање на
вратата, постапете на следниот начин:
Отворете ги вратите. Одвртете ја средната
шарка (B). Извадете го пластичниот
разделник (A)
Извадете го разделникот (F) и преместете
го на другата страна на оската на шарката
(E).
Извадете ги вратите.
Извадете ја левата игла на капакот на
средната шарка (C, D) и преместете ја на
другата страна.
Наместете ја иглата на средната шарка (Е)
во левата дупка на долната врата.
E
F
A
B
DC
Отштрафете ја горната оска на шарката и
заштрафете ја на другата страна.
Извадете го капакот со помош на алат. (A).
Отштрафете ги долната оска на шарката
(B) и разделникот (C) и ставете ги на
другата страна.
Повторно вметнете го капакот (А) на
другата страна.
A
C
B
Извадете ги капаците (В). Извадете ги
иглите од капакот (A).
МАКЕДОНСКИ 19
Отштрафете ги рачките (C) и стегнете ги на
спротивната страна.
Повторно ставете ги иглите на капакот (A)
на спротивната страна.
A
C
B
Проверете уште еднаш дали:
Сите завртки се стегнати.
Магнетната заптивка се лепи на комората.
Вратата се отвора и затвора правилно.
Ако температурата на околината е ниска (на
пр. зиме), заптивката може да не легнува
идеално на комората.Во тој случај, почекајте
дихтунгот природно да легне.
Доколку не сакате самите да ги изведувате
горенаведените операции, обратете се во
сервисната служба за постпродажба.
Стручњак од сервисната служба за
постпродажба ќе го изведе менувањето на
насоката на вратите на ваш трошок.
10. ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ
Димензии
Височина 2010 mm
Широчина 595 mm
Длабочина 658 mm
Време на подигање 20 ч
Волтажа 230-240 V
Фреквенција 50 Hz
Техничките информации се наоѓаат на
плочката со спецификации на левата страна
внатре во апаратот и на етикетата за
енергија.
11. ЕКОЛОШКИ ПРАШАЊА
Рециклирајте ги материјалите со симболот
. Ставете ја амбалажата во соодветни
контејнери за да ја рециклирате.
Помогнете во заштитата на живтната средина
и човековото здравје и рециклирајте го
отпадот од електрични и електронски
апарати. Не фрлајте ги апаратите озанчени
со симболот
во отпадот од домаќинството.
Вратете го производот во вашиот локален
капацитет за рециклирање или контактирајте
ја вашата општинска канцеларија.
20
www.electrolux.com
  • Page 1 1
  • Page 2 2
  • Page 3 3
  • Page 4 4
  • Page 5 5
  • Page 6 6
  • Page 7 7
  • Page 8 8
  • Page 9 9
  • Page 10 10
  • Page 11 11
  • Page 12 12
  • Page 13 13
  • Page 14 14
  • Page 15 15
  • Page 16 16
  • Page 17 17
  • Page 18 18
  • Page 19 19
  • Page 20 20
  • Page 21 21
  • Page 22 22
  • Page 23 23
  • Page 24 24
  • Page 25 25
  • Page 26 26
  • Page 27 27
  • Page 28 28
  • Page 29 29
  • Page 30 30
  • Page 31 31
  • Page 32 32
  • Page 33 33
  • Page 34 34
  • Page 35 35
  • Page 36 36
  • Page 37 37
  • Page 38 38
  • Page 39 39
  • Page 40 40
  • Page 41 41
  • Page 42 42
  • Page 43 43
  • Page 44 44
  • Page 45 45
  • Page 46 46
  • Page 47 47
  • Page 48 48
  • Page 49 49
  • Page 50 50
  • Page 51 51
  • Page 52 52
  • Page 53 53
  • Page 54 54
  • Page 55 55
  • Page 56 56
  • Page 57 57
  • Page 58 58
  • Page 59 59
  • Page 60 60
  • Page 61 61
  • Page 62 62
  • Page 63 63
  • Page 64 64
  • Page 65 65
  • Page 66 66
  • Page 67 67
  • Page 68 68
  • Page 69 69
  • Page 70 70
  • Page 71 71
  • Page 72 72
  • Page 73 73
  • Page 74 74
  • Page 75 75
  • Page 76 76
  • Page 77 77
  • Page 78 78
  • Page 79 79
  • Page 80 80

Electrolux EN4010DOX Používateľská príručka

Typ
Používateľská príručka