Electrolux EN3487AOX Používateľská príručka

Kategória
Mrazničky
Typ
Používateľská príručka
EN3487AOX
................................................ .............................................
MK ФРИЖИДЕР СО
ЗАМРЗНУВАЧ
УПАТСТВО ЗА РАКУВАЊЕ 2
SK CHLADNIČKA S
MRAZNIČKOU
NÁVOD NA POUŽÍVANIE 30
СОДРЖИНА
1. ИНСТРУКЦИИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 3
2. ОПИС НА ПРОИЗВОДОТ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 6
3. КОНТРОЛНА ТАБЛА . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 7
4. СЕКОЈДНЕВНА УПОТРЕБА . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 10
5. ПОМОШНИ НАПОМЕНИ И СОВЕТИ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 16
6. НЕГА И ЧИСТЕЊЕ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 17
7. РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 18
8. МОНТАЖА . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 21
9. ШУМОВИ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 26
10. ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 28
НИЕ МИСЛИМЕ НА ВАС
Ви благодариме што купивте Electrolux апарат. Одбравте производ со долгогодишно професионално
искуство и иновативност. Револуционерен и стилски, мислевме на Вас кога го дизајниравме. Со секое
користење, бидете сигурни дека секогаш ќе имате супер резултати.
Добродојовте во Electrolux.
Посетете ја нашата веб страница за да:
Добиете корисни совети, брошури, водич за решавање на проблеми, информации за
сервисирање:
www.electrolux.com
Регистрирате Вашиот производ за подобри услуги:
www.electrolux.com/productregistration
Купувате Додатоци, Половни и Оригинални делови за Вашиот апарат:
www.electrolux.com/shop
СЛУЖБА ЗА ПОТРОШУВАЧИ И СЕРВИС
Ви препорачуваме да користите оригинални делови.
Кога ќе контактирате со Сервисот, бидете сигурни дека ги имате на располагање следниве податоци.
Информациите може да ги најдете на плочката со податоци. Модел, Број на производот, Сериски број.
Предупредување / Внимание - Сигурносни информации.
Општи информации и совети
Еколошки информации
Можноста за промени е задржана.
2
www.electrolux.com
1.
ИНСТРУКЦИИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ
За ваша безбедност и за да се обезбеди
правилна употреба, пред да го наместите и
да го користите апаратот првпат, прочитајте
го упатството за употреба внимателно,
вклучувајќи ги и советите и
предупредувањата. За да се избегнат
непотребни грешки и незгоди, важно е сите
што го користат апаратот да се темелно
запознаени со начинот на работата и
безбедносните функции. Чувајте го
упатството и погрижете се да биде со
апаратот ако се премести или продаде, за да
може секој што го користи во работниот век
да биде правилно информиран за употребата
на апаратот и за безбедноста.
За безбедност на животот и имотот чувајте ги
опомените за претпазливост од ова упатство
бидејќи производителот не е одговорен за
штетите предизвикани од нивното
непочитување.
1.1 Безбедност на децата и
помалку вештите лица
Апаратот не е наменет да го користат лица
(вклучувајќи и деца) со намалени физички,
сетилни или ментални способности, или
што немаат искуство и знаење, освен ако
не се под надзор или се упатени за
користење на апаратот од страна на лице
што е одговорно за нивната безбедност.
Децата треба да се под надзор за да не си
играат со апаратот.
Чувајте ги сите материјали за пакување
далеку од децата. Постои опасност од
задушување.
Ако го расходувате апаратот, извлечете го
кабелот за струја од штекерот, исечете го
(што е можно поблиску до апаратот) и
извадете ја вратата за да спречите децата
што си играат да не ги удри струја или да
не се затворат во него.
Ако апаратов, кој има магнетизирани гуми
за затворање, треба да замени постар
апарат што има брава со пружина на
вратата или капакот, погрижете се да ја
онеспособите бравата со пружина пред да
го расходувате стариот апарат. Така ќе се
спречи тој да стане смртоносна стапица за
децата.
1.2 Општа безбедност
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Отворите за вентилација, во опкружувањето
на апаратот или во вградената конструкција,
треба да се ослободени од пречки.
Апаратот е наменет за чување
прехранбени продукти и/или пијалаци во
нормално домаќинство и слично, како на
пример:
кујнски простор за вработени во
продавници, канцеларии и други работни
околини;
фарми, клиенти во хотели, мотели и друг
вид на сместувачки објекти;
сместување на база на спиење и
појадок;
во угостителство и слични намени кои не
се во малопродажниот сектор.
Не користете механички уреди или
вештачки средства за забрзување на
топењето.
Не користете други електрични апарати (на
пр. мешалки за сладолед) внатре во
ладилници, освен ако не се одобрени за
таква намена од страна на производителот.
Не оштетувајте ги водовите за ладење.
Средството за ладење изобутан (R600a)
што кружи низ водовите за ладење на
апаратот е природен гас со високо ниво на
еколошка подобност, но сепак е запалив.
За време на превозот и монтажата на
апаратот, внимавајте да не се оштети
ниеден дел од водовите за ладење.
Доколку се оштетат водовите за ладење:
избегнувајте отворен оган и извори на
искри
проветрете ја темелно собата во која е
сместен апаратот
Опасно е да се менуваат спецификациите
или да се вршат какви било промени на
производот. Секое оштетување на кабелот
може да предизвика краток спој, пожар и/
или струен удар.
МАКЕДОНСКИ 3
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Сите електрични делови (кабелот за
струја, приклучокот, компресорот)
мора да ги замени сертифициран или
квалификуван сервисер за да се
избегне ризик.
1.
Кабелот за струја не смее да се
продолжува.
2.
Погрижете се приклучокот за
напојување да не е смачкан или
оштетен од задниот дел на уредот.
Смачкан или оштетен приклучок за
напојување може да се прегрее и да
предизвика пожар.
3.
Погрижете се кабелот за струја на
апаратот да биде пристапен.
4.
Не влечете го кабелот за струја.
5.
Ако штекерот е разлабавен, не
вметнувајте го приклучокот во него.
Постои опасност од струен удар или
пожар.
6.
Не смеете да ракувате со уредот без
капакот на лампата (ако е предвиден)
за внатрешно осветлување.
Овој уред е тежок. Бидете внимателни кога
го преместувате.
Не вадете ги и не допирајте ги предметите
во преградите на замрзнувачот ако рацете
ви се водени или влажни затоа што тоа
може да предизвика гребење на кожата и
смрзнатини.
Избегнувајте подолга изложеност на
апаратот на директна сончева светлина.
Крушковидните светилки (ако се
предвидени) што се користат во овој
апарат се специјални светилки
употребливи само во апарати за
домаќинство. Тие не се погодни за собно
осветление.
1.3 Секојдневна употреба
Не ставајте жешки садови на пластичните
делови на апаратот.
Не чувајте запаливи гасови и течности во
апаратот, зашто тие може да
експлодираат.
Не ставајте прехранбени продукти
директно врз отворот за воздух на задниот
ѕид. (Ако апаратот е со заштита од
замрзнување)
Смрзнатата храна не смее повторно да се
смрзнува откако ќе се одмрзне.
Чувајте ја претходно спакуваната смрзната
храна во согласност со упатствата на
нејзиниот производител.
Мора строго да се почитуваат препораките
за чување на производителот на апаратот.
Видете во соодветното упатство.
Не ставајте содирани или газирани
пијалаци во преградите на замрзнувачот,
бидејќи тие создаваат притисок во садот,
што може да предизвика негово
експлодирање, што може да заврши со
оштетување на апаратот.
Смрзнатите лижавчиња може да
предизвикаат смрзнатици ако се
конзумираат веднаш.
1.4 Одржување и чистење
Пред одржување, исклучете го апаратот и
извадете го приклучокот за струја од
штекерот.
Не чистете го апаратот со метални
предмети.
Не користете остри предмети за вадење на
мразот од апаратот. Користете пластичен
гребач.
Редовно проверувајте го одводот на
фрижидерот за одмрзната вода. Ако е
неопходно, исчистете го одводот. Ако
одводот е блокиран, ќе се собира вода на
дното на фрижидерот.
1.5 Местење
За електричното поврзување,
внимателно постапете според
упатствата дадени во одделните
пасуси.
Распакувајте го апаратот и проверете да не
е оштетен. Не приклучувајте го апаратот
ако е оштетен. Пријавете ги евентуалните
оштетувања веднаш таму каде што сте го
купиле апаратот. Во тој случај, престанете
со распакување.
Препорачливо е да се почека најмалку
четири часа пред да се приклучи апаратот
за да може маслото да се врати во
компресорот.
Околу апаратот треба да има соодветно
кружење на воздухот - без него може да
дојде до прегревање. За да се постигне
доволно проветрување, следете ги
упатствата за местење.
4
www.electrolux.com
Секогаш кога е можно, задниот дел на
производот треба да е блиску до ѕид, за да
не биде можно допирање или фаќање на
топлите делови (компресорот,
кондензаторот) и изгорувањето од нив.
Апаратот не смее да се наоѓа блиску до
радијатори или плински шпорети.
Внимавајте штекерот да е пристапен по
местењето на апаратот.
Поврзете го само со довод за питка вода
(ако е предвидено поврзување со вода).
1.6 Сервисирање
Електричните приспособувања потребни за
сервисирање на апаратот треба да ги
изврши квалификуван електричар или
компетентно лице.
Производот мора да го сервисира овластен
Сервисен центар и мора да се користат
само оригинални резервни делови.
1.7 Заштита на животната средина
Апаратот не содржи гасови што може
да го оштетат озонскиот слој ниту во
водовите за ладење, ниту во
изолациските материјали. Апаратот
не смее да се расходува заедно со
обичен комунален смет и ѓубре.
Изолациската пена содржи запаливи
гасови: апаратот мора да се
расходува согласно со важечките
прописи што може да ги добиете од
локалните власти. Избегнувајте
оштетување на уредот за ладење,
особен одзади, близу до
разменувачот на топлина.
Материјалите употребени за овој
апарат означени со симболот
се
рециклираат.
МАКЕДОНСКИ 5
2. ОПИС НА ПРОИЗВОДОТ
2 64 8 1110
13
1
12
3 975
1
фиока CrispFresh
2
Фиока за свежа храна
3
Стаклени полици
4
Динамичко воздушно ладење
5
Контрола на влажноста
6
Држач за шишиња
7
Контролна табла
8
Полица за путер
9
Полици на вратата
10
Половина полица
11
Полица за шишиња
12
Корпи за замрзнувачот
13
Плочка со спецификации
6
www.electrolux.com
3. КОНТРОЛНА ТАБЛА
1
27
6
5
3
4
1
Екран
2
Регулатор на температурата
Копче плус
3
Регулатор на температурата
Копче минус
4
Копче Mode
5
Копче DrinksChill и копче ON/OFF
6
Копче за преградата на замрзнувачот
7
Копче за преградата на фрижидерот
Однапред дефинираните звуци на копчињата
може да се менуваат кон посилен звук со
истовремено притискање на копчето Mode и
копчето минус неколку секунди. Промената е
повратна.
3.1 Екран
AC
D
F
M
N
O
B
L
J
K
E
G
I
H
A. Демо функција
B. Температурен показател на фрижидерот
C. Функција за одмор
D. ФункцијаEco Mode на фрижидерот
Е. Функција за дополнителна влажност
F. Функција за шопинг
G. функција Drinks Chill
H. Време
I. Температурен показател на замрзнувачот
J. функција Fast Freeze
K. Режим на ИСКЛУЧЕН замрзнувач
L. Функција Eco Mode на замрзнувачот
M. Показател за аларм
N. Функција за блокада за деца
O. Режим на ИСКЛУЧЕН фрижидер
По изборот на преградата на
фрижидерот или замрзнувачот
почнува анимацијата
После бирањето на температурата,
анимацијата трепка неколку минути.
3.2 Вклучување
За да го вклучите апаратот направете ги овие
чекори :
1.
Приклучете го приклучникот за струја во
штекерот.
2.
Притиснете го копчето ON/OFF ако
екранот е исклучен.
3.
Звукот на алармот може да се огласи по
неколку секунди.
За да го ресетирате алармот, погледнете
во „Аларм за висока температура“.
4.
Показателите на температура ја
покажуваат основната поставена
температура.
За да изберете друга поставена температура,
погледнете во „Регулирање на
температурата“.
3.3 Исклучување
За да го исклучите апаратот направете ги
овие чекори:
1.
Притиснете го копчето на Апаратот ON/
OFF околу 3 секунди.
2.
Екранот се исклучува.
3.
За да го исклучите апаратот од струја,
извадете го кабелот за напојување од
штекерот.
3.4 Исклучување на фрижидерот
За да го исклучите фрижидерот:
1.
Притискајте го копчето Fridge
Compartment неколку секунди.
2.
Показателот OFF за фрижидер се
прикажува.
МАКЕДОНСКИ 7
3.5 Исклучување на ладилникот
За да го исклучите ладилникот:
1.
Притиснете го копчето Fridge
Compartment.
Показателот за фрижидер OFF се гаси.
За да изберете друга поставена температура,
погледнете во „Регулирање на
температурата“.
3.6 Регулирање на температурата
Изберете ја преградата на фрижидерот или
замрзнувачот.
Притиснете го копчето за температура за да
ја поставите температурата.
Поставена оригинална температура:
•+4°C за ладилникот
-18°C за замрзнувачот
Показателите за температура ја покажуваат
поставената температура.
Поставената температура ќе се постигне за
24 часа.
По прекин на електричното
напојување, поставената
температура останува зачувана.
3.7 EcoMode за преградата на
Фрижидерот и Замрзнувачот
За оптимално чување на храната, изберете го
EcoMode.
За да ја вклучите функцијата:
1.
Изберете ја преградата на фрижидерот/
замрзнувачот.
2.
Притискајте на копчето Mode сè додека
не се појави соодветниот симбол.
Показателот EcoMode трепка неколку
секунди.
Показателот за температурата ја
прикажува поставената температура:
–за ладилникот: +4°C
за замрзнувачот: -18°C
3.
Се прикажува показателот EcoMode.
За да ја исклучите функцијата:
1.
Изберете ја преградата на фрижидерот/
замрзнувачот.
2.
Притискајте го копчето Mode сè додека
показателот EcoMode не почне да
трепка.
3.
Показателот EcoMode се гаси.
Функцијата се исклучува со избирање
на различна поставена температура.
3.8 Режим на блокада за деца
За да заклучите какво било работење на
апаратот преку копчињата, изберете
ChildLock mode.
За да ја вклучите функцијата:
1.
Притиснете го копчето Преграда за
фрижидер и Преграда на замрзнувач
неколку секунди.
2.
Се прикажува показателот ChildLock
mode.
За да ја исклучите функцијата:
1.
Притиснете го копчето Преграда за
фрижидер и Преграда на замрзнувач
неколку секунди.
2.
Показателот ChildLock mode се гаси.
3.9 Режим на празник
Оваа функција ви овозможува да го држите
ладилникот затворен и празен за време на
долг празничен период без создавање на
лоша миризба.
Преградата на ладилникот мора да
биде празна со вклучена функција за
празници.
За да ја вклучите функцијата:
1.
Притискајте на копчето Mode сè додека
не се појави соодветната икона.
Показателот за празници трепка неколку
секунди.
Показателите на температура на
ладилникот ја покажуваат поставената
температура.
За да ја исклучите функцијата:
1.
Притискајте го копчето Mode сè додека
показателот за празници не почне да
трепка.
2.
Показателот за празници се исклучува.
Функцијата се исклучува со избирање
на различна поставена температура
на ладилникот.
3.10 Режим DrinksChill
Режимот DrinksChill треба да се користи за
поставување на акустичен аларм во одредено
време по желба, што е корисно, на пример,
кога одредена рецепта бара мешавината да
се лади определен временски период или
8
www.electrolux.com
кога е потребен потсетник за да не се
заборават шишињата кои се ставени во
замрзнувачот за побрзо да се изладат.
За да ја вклучите функцијата:
1.
Притиснете го копчето DrinkChill .
Показателот DrinksChill се појавува.
Тајмерот ја покажува подесента вредност
(30 минути).
2.
Притиснете го копчето за Потопла и
Поладна температура за да ја промените
поставената вредност на тајмерот од 1
до 90 минути.
3.
Тајмерот започнува да трепка (min).
На крајот од одбројувањето, показателот
DrinksChill трепка и се слуша звучен аларм:
1.
Извадете ги пијалаците од комората на
замрзнувачот.
2.
Притиснете го копчето DrinkChill за да ги
исклучите звукот и да ја прекинете
функцијата.
Функцијата може да се исклучи во секое
време во текот на одбројувањето:
1.
Притиснете го копчето DrinkChill.
2.
Показателот DrinksChill се гаси.
Времето можете да го менувате во секое
време за време на одбројувањето и пред
крајот и со притискање на Копчето за
намалување на температурата и Копчето за
зголемување на температурата.
3.11 ShoppingMode
Ако треба да ставите големо количество
храна, на пример откако сте се вратиле од
пазарење продукти, предлагаме да го
активирате ShoppingMode за да ги изладите
продуктите побрзо и да избегнете загревање
на другата храна што е веќе во ладилникот.
За да ја вклучите функцијата:
1.
Притискајте на копчето Mode сè додека
не се појави соодветната икона.
Показателот ShoppingMode трепка
неколку секунди.
ShoppingMode се исклучува автоматски по
околу 6 часа.
За да ја исклучите функцијата пред да заврши
автоматски:
1.
Притискајте го копчето Mode сè додека
показателот ShoppingMode не почне да
трепка.
2.
Показателот ShoppingMode се гаси.
Функцијата се исклучува со избирање
на различна поставена температура
на ладилникот.
3.12 Режим FastFreeze
За да ја вклучите функцијата:
1.
Изберете ја преградата на замрзнувачот.
2.
Притискајте на копчето Mode сè додека
не се појави соодветниот симбол.
Показателот FastFreeze трепка неколку
секунди.
Ова функција се исклучува автоматски по 52
часа.
За да ја исклучите функцијата пред да заврши
автоматски:
1.
Изберете ја преградата на замрзнувачот.
2.
Притискајте го копчето Mode сè додека
показателот FastFreeze не почне да
трепка.
3.
Показателот FastFreeze се гаси.
Функцијата се гаси со бирање на
друга поставена температура на
замрзнувачот.
3.13 Функција за дополнителна
влажност
Ако сакате да ја зголемите влажноста во
фрижидерот, ви препорачуваме да ја
активирате функцијата Extra Humidity
(Дополнителна влажност).
За да ја вклучите функцијата:
1.
Притискајте го копчето Mode сè додека
не се појави соодветната икона.
Показателот за Extra Humidity
(Дополнителна влажност) трепка.
2.
Притиснете го копчето Mode за да
потврдите.
Се прикажува показателот Extra Humidity
(Дополнителна влажност).
За да ја исклучите функцијата:
1.
Притискајте го копчето Mode сè додека
трепка показателот за Extra Humidity
(Дополнителна влажност).
2.
Притиснете го копчето Mode за да
потврдите.
3.
Показателот за Extra Humidity
(Дополнителна влажност) се исклучува.
3.14 Аларм за висока температура
Зголемувањето на температурата во
преградата на замрзнувачот (на пример,
поради снемување струја) се покажува со:
трепкање на показателите на алармот и
температурата на замрзнувачот
МАКЕДОНСКИ 9
се слуша ѕунење.
За ресетирање на алармот:
1.
Притиснете на било кое копче.
2.
Алармот се исклучува.
3.
Температурниот показател на
замрзнувачот неколку секунди ја
покажува највисоката достигната
температура. Потоа повторно ја
прикажува поставената температура.
4.
Показателот за алармот продолжува да
трепка додека не се вратат нормалните
услови.
Кога ќе се врати алармот, показателот за
алармот се исклучува.
3.15 Аларм за отворена врата
Ако ја оставите вратата отворена неколку
минути, ќе се огласи звучен аларм. Алармот
за отворена врата се прикажува со:
трепкање на показателот за аларм
акустично зуење
Откако повторно ќе се воспостават нормални
услови (затворена врата), алармот ќе
престане.
За времетраењето на алармот, зуењето може
да се исклучи со притискање на кое било
копче.
4. СЕКОЈДНЕВНА УПОТРЕБА
4.1 Чување смрзната храна
По првото вклучување или по извесен период
на некористење, пред да ставите производи
во преградата, оставете го апаратот да
работи најмалку 2 часа.
Фиоките на замрзнувачот Ви овозможуваат
брзо и лесно наоѓање на пакувањето со храна
кое што го барате. Ако треба да зачувате
голема количина на храна, извадете ги сите
фиоки освен долната фиока која што треба да
биде на своето место за да обезбеди добра
циркулација на воздухот. На сите полици
можно е да ставите храна којашто е
испакната најмногу 15 mm од вратата.
Во случај на случајно одмрзнување,
на пример поради снемување струја,
ако немало струја подолго време од
вредноста прикажана под ставката
„време на кревање“ во табелата за
технички карактеристики,
одмрзнатата храна мора да се
консумира брзо или да се зготви
веднаш, а потоа повторно да се
смрзне (откако ќе се излади).
4.2 Одмрзнување
Длабоко смрзнатата и смрзнатата храна, пред
да се употреби, може да се одмрзне во
преградата на фрижидерот или на собна
температура, зависно од времето достапно за
оваа постапка.
Малите парчиња може дури и да се готват
смрзнати, директно од замрзнувачот: во тој
случај, готвењето ќе трае подолго.
4.3 Замрзнување на свежа храна
Преградата за замрзнување е погодна за
замрзнување на свежа храна и за долгорочно
чување на замрзната и длабоко замрзната
храна.
За да замрзнете свежа храна, вклучете ја
функцијата за Брзо замрзнување барем 24
часа пред да ја ставите храната за
замрзнување во преградата.
Свежата храна за замрзнување ставете ја во
долната преграда.
Максималната количина на храна што може
да се замрзне за 24 часа е наведена на
плочката со спецификации, етикета што се
наоѓа во внатрешноста на апаратот.
Замрзнувањето трае 24 часа: во текот на овој
период не треба да додавате друга храна за
замрзнување.
После 24 часа, кога ќе заврши процесот на
замрзнување, исклучете ја функцијата за Брзо
замрзнување (видете „Функција за брзо
замрзнување“).
10
www.electrolux.com
4.4 Tемпературен показател
Потребно е прилагодување на термостатот
Точна температура
OK
За да Ви помогнеме правилно да управувате
со апаратот вградивме температурен
показател во Вашиот фрижидер.
Страничниот симбол ја покажува најстудената
област во фрижидерот.
Најстудената област се протега од
стаклената полица на фиоката за овошје и
зеленчук до симболот или до полицата
којашто е поставена на иста висина со
симболот.
За соодветно чување на храната, уверете се
дека температурниот показател ја покажува
пораката „ОК“.
Ако пораката „ОК“ не е прикажана,
прилагодете го температурниот контролор на
пониска поставка и почекајте 12 часа пред да
го проверите повторно температурниот
показател.
Откако ќе ставите свежа храна во апаратот
или после постојаното отворање на вратата
подолг временски период, нормално е
пораката „ОК“ да исчезне.
4.5 Подвижни полици
На ѕидовите на фрижидерот се монтирани
низа држачи, така што полиците може да се
наместат по желба.
4.6 Држач за шишиња
Ставајте ги шишињата (со отворот свртен
нанапред) на претходно наместената полица.
Ако полицата е ставена хоризонтално,
ставајте само затворени шишиња.
Полицата за држење шишиња може да се
навали за да се чуваат претходно отворени
шишиња. За да го постигнете тоа, повлечете
ја полицата нагоре за да може да се сврти
нагоре и да се стави на следното повисоко
ниво.
МАКЕДОНСКИ 11
4.7 Воздушно ладење
Технологијата Multiflow овозможува брзо
ладење на храната и порамномерна
температура во преградата.
Овој уред овозможува брзо ладење на
храната и порамномерна температура во
преградата.
4.8 Воздушен филтер со јаглен
Вашиот апарат е опремен со ваков филтер кој
се наоѓа зад крилото во задниот ѕид на
кутијата за распределување на воздухот.
Филтерот го прочистува воздухот од несакани
миризби во преградата на фрижидерот, што
значи дека квалитетот на чување
дополнително ќе се подобри.
4.9 Местење на полиците на вратата
За да се овозможи чување пакувања храна во
разни големини, полиците на вратата може да
се стават на различни височини.
За приспособување, постапете на следниов
начин:
Постепено влечете ја полицата во насока на
стрелките додека не се ослободи, а потоа
наместете ја по желба.
Не поместувајте ја големата полица
на долната врата за да се обезбеди
струење на воздухот.
12
www.electrolux.com
4.10 Контрола на влажноста
При складирање зеленчук и овошје во
фрижидерот, добра работа е да се ставаат
производите во фиоката. Фрижидерот
одржува ниска температура и на тој начин го
забавува стареењето. Во нормални услови,
кога фиоката за зеленчук не е целосно
наполнета и кога содржи мешавина на
зеленчук и овошје, контролата на влажноста
треба да се стави на повисока положба на
влажноста илустрирана со големата капка.
Тоа значи дека горната решетка е затворена
и во внатрешноста на фиоката се одржува
висока влажност. Тоа треба да е стандардна
поставка. Понекогаш, кога фиоката е
преполна, постои опасност производите да се
оладат недоволно ефикасно; во тој случај,
добра работа е да се отворат отворите на
решетката кон помалата капка. Зеленчукот
вообичаено се лади со испарување на
водата, а во случај кога отворите се
затворени, постои опасност од насобирање
на капки и локви вода во внатрешноста.
Производите што може да доведат до
создавање големи количини се марулата,
печурките, брокулата и морковите. Во случаи
кога мешавината содржи јаболка и овошје,
добра идеа би била да се држат отворите
малку отворени во случај кога постои ризик од
собирање на етилен во внатрешноста.
Етиленот е хормон за растење којшто го
испуштаат некои видови на овошје и зеленчук
и може да им наштети на некои од нив и да го
забрза стареењето на други.
4.11 Режим FreshZone
Ако преградата не е потребна како Freshzone,
поставките може да се сменат за да ја имате
како фиока за ниска температура.
МАКЕДОНСКИ 13
За да ја вклучите функцијата:
Отворете го крилото како што е прикажано
на сликата.
За да ја исклучите функцијата:
1.
Затворете го крилото.
4.12 Фиока Freshzone
Овој уред овозможува брзо ладење на
храната и порамномерна температура во
фиоката.
За да ја вклучите функцијата:
1.
Вклучете ја функцијата Купување.
2.
Се пали показателот за Купување.
3.
Отворете го крилото како што е
прикажано на сликата.
За да ја исклучите функцијата:
1.
Затворете го крилото.
2.
Исклучете ја функцијата Купување.
3.
Показателот за Купување се исклучува.
Функцијата се исклучува автоматски
по неколку часа.
14
www.electrolux.com
4.13 QuickChill за пијалаци
Оваа функција овозможува брзо ладење на
пијалаците.
За да ја вклучите функцијата:
1.
Тргнете ја или ставете ја погоре фиоката
Freshzone и ставете го држачот за
шишиња пред отворите QuickChill како
што е прикажано на сликата.
2.
Вклучете ја функцијата Shopping
(Купување).
3.
Се пали показателот за Shopping
(Купување).
4.
Отворете го крилото како што е
прикажано на сликата.
За да ја исклучите функцијата:
1.
Затворете го крилото.
2.
Исклучете ја функцијата Shopping
(Купување).
3.
Показателот за Shopping (Купување) се
исклучува.
Функцијата се исклучува автоматски
по неколку часа.
4.14 Фиока CrispFresh
Фиоката е погодна за чување на овошје и
зеленчук.
Во внатрешноста на фиоката има разделник
што може да се стави во различни позиции за
да се овозможи поделба на мали делови што
е најпогодна за личните потреби.
На дното на фиоката има решетка (ако е
предвидена) за одделување на овошјето и
зеленчукот од било каква влажност што би
можела да се формира на долната површина.
Сите делови во внатрешноста на фиоката
може да се извадат за чистење.
МАКЕДОНСКИ 15
4.15 Вадење на корпите за смрзнување од замрзнувачот
2
1
Корпите за смрзнување имаат граничник за
сопирање што спречува нивно случајно
вадење или испаѓање. Кога сакате да ги
извадите од замрзнувачот, повлечете ја
корпата кон себе и, кога ќе дојде до
граничникот, извадете ја корпата кревајќи го
предниот дел нагоре.
Кога ги враќате, кренете го малку предниот
дел на корпата за да ја вметнете во
замрзнувачот. Кога ќе ги поминете
граничниците, турнете ја корпата назад во
положбата.
5. ПОМОШНИ НАПОМЕНИ И СОВЕТИ
5.1 Нормални звуци на работа
Кога разладното средство се пумпа низ
намотките или цевките, може да се слуша
звук на тивко гргорење и клокотење. Тоа е
нормално.
Кога е вклучен компресорот, средството за
ладење се пумпа низ системот и се слуша
зуење и ритмична бучава од компресорот.
Тоа е нормално.
Топлинската дилатација може да
предизвика ненадејно крцкање. Тоа е
природен, безопасен физички феномен.
Тоа е нормално.
5.2 Совети за штедење енергија
Не отворајте ја вратата често и не
оставајте ја отворена подолго отколку што
е неопходно.
Доколку околната температура е висока,
регулаторот за температура е на
најголемата поставка и апаратот е целосно
наполнет, компресорот може да работи
непрестано, што ќе предизвика формирање
мраз на испарувачот. Ако се случи тоа,
свртете го регулаторот за температура кон
помалите вредности за да овозможите
автоматско одмрзнување, со што ќе
заштедите и електрична енергија.
5.3 Совети за ладење свежа храна
За да добиете најдобри перформанси:
не ставајте топла храна или течности што
испаруваат во фрижидерот
покривајте ја или виткајте ја храната,
особено ако има посилен вкус
ставајте ја храната така што воздухот може
да кружи слободно околу неа
5.4 Совети за ладење
Корисни совети:
Месо (сите видови) : виткајте го во пластични
ќесички и ставајте го на стаклената полица
над фиоката за зеленчук.
Најбезбедно е да го чувате на овој начин
само еден или најмногу два дена.
Зготвена храна, ладни јадења и сл.: тие треба
да се покриени и може да се стават на која
било полица.
Овошје и зеленчук: тие треба да се убаво
измиени и ставени во специјалните фиоки за
нив.
Путер и сирење: тие треба да се во посебните
херметички садови или завиткани во
алуминиумска фолија или пластични ќесички
за да се спречи допирот со воздух.
Шишиња млеко: тие треба да имаат капаче и
да се ставаат на полицата за шишиња на
вратата.
Бананите, компирите, кромидот и лукот, ако
не се спакувани, не смеат да се чуваат во
фрижидер.
16
www.electrolux.com
5.5 Совети за смрзнување
За најдобро користење на смрзнувањето, еве
неколку важни совети:
максималното количество храна што може
да се смрзне за 24 часови е покажано на
плочката со спецификации;
смрзнувањето трае 24 часа. Не треба да се
додава храна за смрзнување во тој период;
смрзнувајте само квалитетна, свежа и
убаво измиена храна;
поделете ја храната во мали порции за да
може брзо и целосно да се смрзне и за да
овозможите одмрзнување само на
потребните количества;
завиткајте ја храната во алуминиумска или
пластична фолија убаво и стегнато;
не дозволувајте свежата несмрзната храна
да ја допира храната што е веќе смрзната,
за да не ја загреете вторава;
немасната храна се чува подобро и
подолго отколку масната; солта го
намалува векот на чување на храната;
водениот мраз, ако се конзумира веднаш
по вадењето од преградата на
замрзнувачот, може да предизвика
смрзнатици на кожата;
препорачливо е да се запише датумот на
смрзнување на секое пакување за да
можете да водите сметка за времето на
смрзнатост.
5.6 Совети за чување замрзната
храна
Корпите на замрзнувачот ви овозможуваат
брзо и лесно наоѓање на пакетот со храна
што го барате. Ако треба да зачувате голема
количина на храна, извадете ги сите фиоки
освен долната корпа којашто треба да биде
на своето место за да обезбеди добра
циркулација на воздухот.
За да добиете најдобри перформанси од
апаратот, почитувајте ги следниве напомени:
проверете дали готовите замрзнати
прехранбени продукти биле соодветно
чувани кај продавачот;
погрижете се замрзнатите прехранбени
продукти да се пренесат од продавницата
до замрзнувачот во најкраток можен рок;
не отворајте ја вратата често и не
оставајте ја отворена подолго отколку што
е неопходно;
штом ќе се одмрзне, храната се расипува
брзо и не може повторно да се замрзне;
не надминувајте го препорачаниот период
за чување означен од страна на
производителот.
6. НЕГА И ЧИСТЕЊЕ
6.1 Чистење на внатрешноста
Пред првото користење на апаратот, измијте
ја внатрешноста и сите внатрешни додатоци
со млака вода и малку неутрален сапун за да
се отстрани карактеристичниот мирис на
новите производи, па исушете го темелно.
Не користете детергенти или груби
прашоци, тие може да ја оштетат
политурата.
ВНИМАНИЕ
Исклучете го апаратот од струја пред
да вршите каква било постапка за
одржување.
Апаратот содржи јагленохидрати во
уредот за ладење; одржувањето и
повторното полнење може да ги
вршат само овластени техничари.
6.2 Периодично чистење
Опремата треба да се чисти редовно:
измијте ги внатрешноста и додатоците со
млака вода со малку неутрална сапуница.
редовно проверувајте ги заптивките на
вратата и бришете ги за да бидат чисти и
без нечистотии.
избришете и исушете целосно.
Не влечете ги, не поместувајте ги и
не оштетувајте ги цевките и каблите
во фрижидерот.
Не користете детергенти, груби
прашоци, многу парфимирани
средства за чистење или восок за
полирање за чистење на
внатрешноста, бидејќи така може да
се оштетат површините и да остане
силен мирис.
МАКЕДОНСКИ 17
Чистете ги со четка кондензаторот (црната
решетка) и компресорот на задната страна на
апаратот. Со тоа се подобрува работењето на
апаратот и се штеди електрична енергија.
Внимавајте да не го оштетите
системот за ладење.
Многу средства за чистење кујнски површини
содржат хемикалии што може да ја нагризат
или оштетат пластиката на апаратот. Поради
тоа, се препорачува надворешноста на
апаратот да се чисти само со топла вода со
малку течност за миење.
По чистењето, приклучете ја повторно
опремата во електричната мрежа.
6.3 Замена на воздушниот филтер
со јаглен
За да се постигне најдобро работење,
филтерот треба да се менува на секои шест
месеци.
Нови активни воздушни филтри може да се
набават кај вашиот локален продавач.
Видете во „Монтажа на воздушниот филтер
со јаглен“ за упатства.
6.4 Одмрзнување на фрижидерот
Мразот автоматски се отстранува од
испарувачот во преграда од фрижидерот
секогаш кога компресорот ќе престане да
работи во текот на вообичаената употреба.
Водата од одмрзнувањето истекува низ
посебно дупче за истекување во посебен сад
од задната страна на апаратот, над
компресорот, од кој што испарува.
Важно е повремено да се исчисти дупчето за
истекување на водата од одмрзнувањето на
средината на каналот во фрижидерската
преграда за да се спречи прелевање на
водата и нејзино капење врз храната внатре.
Користете го приложениот специјален чистач,
што ќе го најдете веќе вметнат во дупчето за
истекување.
6.5 Одмрзнување на замрзнувачот
Одделот на замрзнувачот на овој модел е од
типот "без мраз". Тоа значи дека нема
создавање мраз во текот на работата, ниту на
внатрешните ѕидови ниту на храната.
Тоа се должи на постојаното струење на
студениот воздух во внатрешноста на
одделот, придвижуван од автоматски
регулиран вентилатор.
7. РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИ
ВНИМАНИЕ
Пред решавање на проблемите,
извадете го приклучокот за струја од
штекерот.
Само квалификуван електричар или
стручно лице смее да ги решава
проблемите што не се наведени во
овој прирачник.
Во текот на вообичаеното користење,
се јавуваат одредени звуци
(компресор, циркулација на
средството за ладење).
18
www.electrolux.com
Проблем Можна причина Решение
Апаратот е бучен. Апаратот не е добро
потпрен.
Проверете дали апаратот стои
стабилно (сите четири ногалки
треба да се на подот).
Компресорот работи
непрекинато.
Регулаторот за температура
може да е неправилно
поставен.
Поставете повисока
температура.
Вратата не е правилно
затворена.
Видете во „Затворање на
вратата“.
Вратата се отвора премногу
често.
Не оставајте ја вратата
отворена подолго отколку што
е потребно.
Температурата на
производот е премногу
висока.
Пред да го ставите
производот, оставете го да се
излади до собна температура.
Собната температура е
премногу висока.
Намалете ја собната
температура.
Вклучена е функцијата за
брзо замрзнување.
Видете во „Функција за брзо
замрзнување“
Тече вода по задната
плоча на фрижидерот.
За време на автоматското
одмрзнување, мразот се
одмрзнува на задната плоча.
Тоа е нормално.
Во фрижидерот тече
вода.
Одводот за вода е затнат. Исчистете го одводот за вода.
Производите спречуваат
истекување на водата во
садот за вода.
Погрижете се производите да
не ја допираат задната плоча.
Истекува вода на подот. Одводот за водата од
одмрзнувањето не тече во
садот за испарување над
компресорот.
Поврзете го одводот за
водата од одмрзнувањето со
садот за испарување.
Има премногу слана и
мраз.
Производите не се правилно
завиткани.
Завиткајте ги производите
подобро.
Вратата не е правилно
затворена.
Видете во „Затворање на
вратата“.
Регулаторот за температура
може да е неправилно
поставен.
Поставете повисока
температура.
Температурата во
апаратот е превисока.
Вратата не е правилно
затворена.
Видете во „Затворање на
вратата“.
Температурата на
производот е премногу
висока.
Пред да го ставите
производот, оставете го да се
излади до собна температура.
Истовремено се складирани
многу производи.
Складирајте помалку
производи истовремено.
МАКЕДОНСКИ 19
Проблем Можна причина Решение
Температурата во
фрижидерот е
превисока.
Во апаратот не кружи студен
воздух.
Погрижете се да има кружење
на студениот воздух во
апаратот.
Температурата во
замрзнувачот е премногу
висока.
Производите се преблиску
едни до други.
Сместувајте ги производите
така што ќе овозможите
кружење на студениот воздух.
Апаратот не работи. Апаратот е исклучен. Вклучете го апаратот.
Приклучокот за струја не е
правилно ставен во
штекерот.
Правилно ставете го
приклучокот за струја во
штекерот.
Апаратот нема струја. Во
штекерот нема напон.
Приклучете некој друг
електричен апарат во
штекерот. Побарајте
квалификуван електричар.
Светилката не работи. Светилката е во состојба на
мирување.
Затворете и отворете ја
вратата.
На екранот се појавува
"dEMo".
Апаратот е во демо режим. Држете го притиснато копчето
Mode околку 10 секунди сЀ
додека не се слушне звук на
зуење и потоа не се исклучи
екранот: апаратот започнува
да работи нормално.
Се огласува звук на
зуење. .
Вратата не е правилно
затворена.
Погледнете во „Аларм за
отворена врата“.
Горниот или долниот
квадрат се прикажуваат
на екранот за
температура.
Се појавува грешка при
мерење на температурата.
Повикајте претставник од
вашиот сервис (системот за
ладење ќе продолжи да ја
одржува храната ладна, но
нема да може да се направи
приспособување на
температурата).
Доколку овие совети не дадат резултат, повикајте го најблискиот овластен сервис.
7.1 Замена на ламбата
Апаратот е опремен со долговечно ЛЕД
внатрешно светло.
Уредот за осветлување смее да го заменува
само сервис. Обратете се во сервисниот
центар .
7.2 Затворање на вратата
1.
Исчистете ги заптивките на вратата.
2.
Ако е потребно, приспособете ја вратата.
Видете во „Монтажа“.
3.
Ако е потребно, заменете ја
неисправната заптивка на вратата.
Контактирајте со сервисниот центар.
20
www.electrolux.com
  • Page 1 1
  • Page 2 2
  • Page 3 3
  • Page 4 4
  • Page 5 5
  • Page 6 6
  • Page 7 7
  • Page 8 8
  • Page 9 9
  • Page 10 10
  • Page 11 11
  • Page 12 12
  • Page 13 13
  • Page 14 14
  • Page 15 15
  • Page 16 16
  • Page 17 17
  • Page 18 18
  • Page 19 19
  • Page 20 20
  • Page 21 21
  • Page 22 22
  • Page 23 23
  • Page 24 24
  • Page 25 25
  • Page 26 26
  • Page 27 27
  • Page 28 28
  • Page 29 29
  • Page 30 30
  • Page 31 31
  • Page 32 32
  • Page 33 33
  • Page 34 34
  • Page 35 35
  • Page 36 36
  • Page 37 37
  • Page 38 38
  • Page 39 39
  • Page 40 40
  • Page 41 41
  • Page 42 42
  • Page 43 43
  • Page 44 44
  • Page 45 45
  • Page 46 46
  • Page 47 47
  • Page 48 48
  • Page 49 49
  • Page 50 50
  • Page 51 51
  • Page 52 52
  • Page 53 53
  • Page 54 54
  • Page 55 55
  • Page 56 56

Electrolux EN3487AOX Používateľská príručka

Kategória
Mrazničky
Typ
Používateľská príručka